Портокал за здрава и сјајна кожа и коса

Тонирачките својства но портокалот за подобруваат текстурата и бојата на кожата. Витаминот Ц и лимунската киселина го обновуваат колагенот во вашето тело. Колагенот ја омекнува кожата и го спречува нејзиното стареење.

Портокалот ги отстранува мртвите клетки и ги чисти порите, со што се спречува појават на акни. Портокалот содржи витамин А кој во комбинација со витаминот Ц ја штити кожата од штетните сончеви зраци и ја штити од рак. Во салоните за убавина се користи за враќање на сјајот и текстурата на кожата.

Од портокалот може да напаравите маска за лице. Ја земате кората ја мешате со миксер да се добие паста. Потоа се додава јогурт, неколку капки лимон и лажица мед. Состoјките треба добро да се измешаат. Лицето се мие со топла вода и потоа се нанесува маската. Се држи саат време и потоа се плакне со ладна вода.
Маскатa ќе ги отстрани мртвите клетки и нечистотијата и на вашата кожа ќе и даде свеж и младешки изглед. После отсранувањето на маската нанесте крема.
Сок од портокал може да нанесте на темето како би се спречило појавување на првут и маснотии.