Природна мешавина за регулирање на холестеролот во крвта

Еден од вообичаените проблеми со кои се повеќе и повеќе луѓе се соочуваат се покачени  масти во крвта, холестерол и триглицериди. Мастите најдобро долгорочно се третираат со промена на начинот на исхрана. Тука нема да пишуваме за исхраната, бидејќи повеќето луѓе кои го имаат овој проблем генерално знаат каков тип на храна треба да јадат помалку а каков повеќе за долгорочно да ги регулираат мастите.

Нашата цел е да ве запознаеме со еден ефикасен и во последниве години многу актуелен лек за регулирање на мастите во крвта. Лекот е составен исклучиво од многу здрави природни состојки. Смесата е испробана меѓу луѓето, а состојките се достапни во речиси сите продавници. Предноста на оваа мешавина е тоа што покрај тоа што ги  регулира мастите, помага и во лекувањето на голем број  други проблеми кај луѓето, бидејќи станува збор за многу корисни и здрави состојки измешани во една смеса.

Состојки:

-ленено семе 200 грама

-семки од тиква 100 грама

-семки од сусам (сусам) 100 грама

-семки од сончоглед 100 грама

-лажица цимет

-природен јаболков оцет

Сите семки треба да бидат свежи непечени. Семките од тиква може да бидат излупени или неизлупени, само без сол. Сите семки заедно се мелат во мелница за кафе или во некој соодветен апарат. Потоа се додава циметот и секое утро се земаат една до две лажици од смесата, се ставаат во една чаша млака вода и се додава една лажица јаболков оцет. Смесата добро се меша и се остава да стои 5 до 10 минути.

После тоа пак добро се меша и пие. Консумирањето треба да трае најмалку 4 недели или повеќе во зависност од степенот на покачување на маснотиите. Кога ќе ја потрошите смесата направете нова. После 5-6 недели направете контрола на крвта и резултатите треба да покажат значително намалување на маснотиите. Постојат бројни бенефиции од јадењето на овие семиња освен за регулирање на мастите, тие го подобруваат  вашиот имунолошки систем, ја подобруваат комплетната крвна слика и го снабдуваат телото со потребните минерали и тоа повеќе типови со кои се полни овие семки.

Особено важен аспект во користењето на смесата е чистењето на дигестивниот тракт и цревата, кое ќе го направи  смесата движејќи се низ вашето тело  апсорбирајќи ги токсините од него.

Во смесата може да се додаде ист сооднос (100 грама) на свежи бадеми, ореви и суво грозје. За мастите тоа не е неопходно, но секоја од овие додадени состојки дополнително ќе ги зголеми ефектите во зајакнувањето на имунолошкиот систем и крвта.