Путер колачиња со питер од кикиритки… мммм… неодоливо вкусно …

Оваа верзија на колачињата вклучува путер од кикирики и гарантирано не сте вкусиле поубави и помеки колачиња.

Се прават многу лесно и ве предизвикуваме да изедете само едно.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 227g путер од кикирики (кранч)
  • 75g путер
  • 90g темен кафеав шеќер
  • 50g бел шеќер
  • 1 јајце
  • 150g брашно
  • ¼ прашок за пециво

За фил:

  • 250g чоколаден крем или мармалад од малини(или кајсии, шипки, рибизли, по желба).

Начин на подготовка:

Се матат двата путера со миксер (со маталките за тесто), со цел смесата да стане мазна и се додаваат белиот и кафеавиот шеќер за да се растопат.

Се додава јајцето, претходно изматено со виљушка, се меша сè заедно и на крајот се додава брашното.

Се замесува тврдо тесто (доколку ви е потребно уште малку брашно, се додава постепено).

Се расукува кора дебела 3-4 мм. и се вадат форми (срциња, кругови околу 2 цм).

Формите се печат на хартија за печење во загреана рерна на  150 степени околу 12-14мин. Ладните колачиња се лепат со чоколаден крем или мармалад, по желба.