Сакате да се опуштите по стресен ден? Ви презентираме десет начини како можете да го подобрите своето расположение на сосема природен начин

Сакате ли да се опуштите по стресен ден? Ви презентираме десет начини како можете да го подобрите своето расположение на сосема природен начин.

1. Вдишете етерично масло од лаванда
На мало парче вата капнете неколку капки на етерично масло од лаванда, приближете го кон косата и вдишете неколку минути. Мирисот на лаванда моментално ќе ве опушти и ќе ве смири. Ова можете да го употребите и пред спиење, доколку имате проблеми со несоници.

2. Испијте чај од камилица или маточина со мед
Камилицата и маточината имаат дејство кое го опушта мозокот, така што дури и по вдишување на мирисот од овој чај ќе почувствувате како го опуштате стресот. Маточината е од дамнешни времиња познат во народната медицина како билка која помага кај депресија, несоница, нервоза и психички проблеми.
3. Консумирајте валеријана
Валеријаната е билка која помага при смирување на мозокот и за добар сон. Чајот од валеријана не е лесно достапен за да се најде, но на пазарот се достапни билните таблети (на база на таблети), капки и мед со валеријана.

4. Освежете го домот со пријатни мириси
Внесете мирисно цвеќе во домот или попрскајте ги просториите со освежувач за воздух.

5. Слушајте музика од Моцарт
Медицинските истражувања потврдија дека музиката на Моцарт има лековито дејство, помага при закрепнување од болести, ја подобрува концентрацијата и помнењето и го релаксира умот. Дури и билките во домот побрзо растат ако во домот се пушта музиката на Моцарт.

6. Прошетка во шума
Шумата е една од најдобрите природни психотерапија. Мирисот на дрвото и шумските билки, црцорење на птиците, мирот и тишината во шумата го опушта умот и моментално делуваат смирувачки.

7. Купка од лаванда
Додајте во вода за капење десетина капки на етерично масло од лаванда или малку свежа лаванда. Ќе почувствувате како вашиот ум и тело ќе се опуштат во моментот. Доколку повеќе сакате туш, можете да користите природен сапун од лаванда или гел за туширање со мирис на лаванда или цвеќе.

8. Цитруси за добро расположение
За време на зимските месеци, можете да го подобрите расположението со етерични масла од цитрус. Доколку дома имате радијатор и сад за вода, капнете неколку капки од етеричното масло на цитрус. Како што се шири мирисот на цитрус низ домот веднаш ќе почувствувате како го подобрувате расположението. За време на летните месеци можете да користите етерични масла на цитрус во дифузерите.

9. Направете природна купка за стапалата
Топла купка за стапалата со морска сол и етерични масла ќе ви помогне моментално да се опуштите, а покрај тоа ќе им помогнете на вашите уморни стапала да се одморат по напорниот ден. Се што ви треба се топла вода и морска сол. Како додатен ефект во купката можете да додадете и етерично масло, листови од цветот или некоја мирисна билка.

10. Испијте шолја млеко со ванила и мускатни ореви
Топло или ладно млеко со ванила и мускатни ореви многу бргу ќе го подобри вашето расположение, со оглед на тоа дека и двата зачина го опуштаат и подобруваат расположението. Во некои култури каде што алкохолот е непожелен, мускатниот орев е главната состојка за добри забави, затоа што го „подигнува“ расположението, слично како и алкохолот.