Што е причината за паѓање на косата?

Сите ние пораснавме слушајќи приказни за тоа што е причината за губење на косата : недостаток на витамини, слаба циркулација до скалпот, премногу носење на капа или шапки итн. Изненадувачки, овие теории не беа докажани. Губење на косата, според експертите, е предизвикано од комбинација од стареење, хормонални промени и семејна историја на ќелавост. Губењето на косата може да биде и постојано доколку деструкцијата се случува на фоликулите на косата или може да биде привремено поради минливи оштетувања на фоликулите.

Кај мажите, тестостеронот се претвора во дихидратестостерон (DHT) во фоликулите на косата. Тестостеронот се претвора во дихидратестостерон преку редуктаза на ензим наречен 5-алфа, кој е произведен во простатата, скалпот и различни адреналински жлезди. Со тек на време, дихидратестостеронот предизвикува деградација на фоликулите на косата и го скратува нивниот анаген или активната фаза. Технички гледано, фоликулите се се уште живи и добро се снабдени со крв. Некои фоликули ќе изумрат, но повеќето просто ќе се намалат во големина и ќе произведат послаби влакна. Според експертите, растечкиот циклус на краткиот анаген значи дека повеќето влакна паѓаат, а останатите влакна стануваат толку тенки што не можат да опстанат и паѓаат. Влакната на места каде што има ќелавост, постепено се менуваат од долги, дебели, обоени влакна во непигментирани, разлеани влакна.

Што може да се направи во врска со паѓање на косата?

Ова е добро прашање! Ако фоликулите на косата се уништени, тогаш нема надеж за повторно растење на косата. Сепак, доколку фоликулата е само „успиена“, многумина од потрошувачите забележале така наречено „будење“ на фоликулите на косата со користење на масло од ему! Маслото од ему е хранливо за ткивото. Со нанесување на кожата, помага кожата да стане поздрава и повторно пожива.

Мајкл Холик, доктор по медицина, психологија и дерматологија при Универзитетот за медицина во Бостон, спроведе студија вклучувајќи го маслото од ему и растот на косата. Неговата студија откри дека има 20% зголемување на растот на кожата каде што е применето маслото од ему, споредбено со кожата на која било нанесено масло од пченка. Др. Холик погледнувајќи ги фоликулите на косата, заклучи дека тие биле поробусни, кожата била значително подебела, укажувајќи на тоа дека маслото од ему го стимулира растот на кожата и косата. Допoлнително на тоа, студијата покажа дека преку 80% од фоликулите на косата кои беа „активни“ се активираа и почнаа да растат. Ова е тоа што маслото од ему може да го направи за вас!

Ние ви препорачуваме доколку е тоа можно, да масирате мало количество масло од ему на места без коса или на потенкиот дел на скалпот три пати во денот. Навечер или во викендите, нанесете поголемо количество масло од ему на скалпот и оставете го така 20-30 минути, а потоа измијте ја косата со нежен шампон Ако вашите фоликули на косата биле во мирување, би требало да ги препознаете знаците на повторен раст за 30-90 дена.

11665664_1623370581213643_9164114140827304277_n

EMU DERM – ОД ИНСТИТУТ ОРГАНИКА

Институт Органика
Природна алтернатива за Вашето здравје.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Во сите аптеки на ЕУРО-ФАРМ, Космо Тинех Маркети, ДМ Маркети и сите подобро снадбени аптеки низ Македонија

НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА:
http://goo.gl/dXN4Q4

ПРОНАЈДЕТЕ НАЈБЛИСКА ПРОДАВНИЦА:
http://goo.gl/LTiVIQ

ТЕЛЕФОН ЗА НАРАЧКА: (02) 3218-821
Секој работен ден 8:30 до 15:00 часот