Со ориз и млеко изгледајте 10 години помлади

Верувале или не оризот има неверојатен ефект врз кожата, а доказ за тоа е се јапонските гејши кои со години наназад го користат оризот за приготвување на делотворна маска за лице која ја одржува нивната кожа мека и сјајна.

Истиот е богат со витамини од B групата кои ја стимулираат обновата на клетките, го успоруваат нивното стареење и ја подмладуваат кожата давајќи и свеж изглед.

Маската за лице која ја приготвуваат гејшите се состои од три состојки и тоа: ориз, млеко и мед. Комбинацијата од овие состојки длабински ја навлажнува кожата и создава површинска заштита од ултравиолетовите зраци.

Во ладна вода ставете 2-3 лажици ориз и варете го додека не омекне. Процедете го и во него ставете 1 лажица топло млеко и една лажица мед. Убаво измешајте додека не добиете изедначена смеса.

Добиената маска ставате ја на претходно исчистено лице. Оставете да дејствува половина час, па потоа отстранете ја со влажна крпа. Лицето премијте го со водата во која сте го вареле оризот.