Совети за совршено бели заби … природен начин

игурна сум дека сите ќе се согласат со тоа дека она што меѓу првите работи го забележуваме кај некое лице со кое зборуваме лице в лице скоро секогаш се насмевката , усните и забите. Многу ни е важно да имаат убави и здрави заби, бидејќи нашиот мозок, ни кажува нешто такво за тоа лице. Зборува за здравјето, навиките и желбата да изгледа убаво. А здравата насмевка ни дава слика на добро здравје и младост.

Се разбира, ние сите знаеме дека еден од првите совети за убава и блескава насмевката е да го намалите внесувањето на кафе, избегнувајте црно вино и престанете со пушењето цигари.
Но,овие се само совети кои на нашите заби влијаат површно, водејќи грижа само за бојата на забната глеѓ, додека здравјето на забите е малку подлабок процес и бара многу поголем напор.

Голема студија за оралното здравје спроведена во последните неколку години покажува дека проблемите со заби се директно поврзани и влијаат на развојот на болести на срцето, желудникот,варењето,па дури и еректилната дисфункција кај мажите и предвременото породување кај жените.

Студијата за орално здравје исто така покажала дека околу 17% од луѓето никогаш не се користи забен конец,а возрасните луѓе од 35-59 години остануваат без своите заби поради недостиг на одржување на дентална хигиена,несоодветно чистење и занемарување на истите.

Правилно миење и чистење на забите, јазикот, устата и чистење со забен конец мора да врши секој ден, но и покрај тоа ние мора да одиме на стоматолог на редовни прегледи,иако одењето кај стоматолог никогаш не е убава работа.

Но, дури и ако сте пациент кој би го наградил секој стоматолог, и водите исклучително грижа за вашето орално здравје секогаш може да се следат неколку едноставни совети кои ќе донесат поздрава забите и поубава насмевка.

– Намалете ги јагленохидратите во исхраната.
– Зголемето го внесот на витамин Ц
– Ако сте љубители на кафе,потрудете се барем едно кафе во текот на денот да го замените со чај.
– Пијте течности со слама,така ќе го избегнете контакт со забите.
– Зголемете го внесот на калциум, пијте млечни производи, јадете младо немрсно сирење.
– Дали јадете многу од житни култури во текот на денот,потрудете се тоа треба да бидат цели зрна.
– Јадете јаболка во текот на денот.
– И конечно најслатко,љубете се многу во текот на денот со вашиот партнер.