Што се антиоксиданси и зошто се неопходни за нашето здравје ?

Во внатрешноста на нашето тело, постои цела армија антиоксиданси кои нас нè штитат од болестите и процесот на стареење.

Многу студии докажале дека нам антиосидантите ни помагаат во превенцијата од рак и срцеви болести, ја чуваат меморијата, го намалуваат ризикот од дегестивните болести, ја намалуваат болката, заморот на мускулите, спречуваат некои заболувањана очите, дури делуваат и против брчките кои се појавуваат на кожата.

За се тоа сме слушнале, но повеќето од нас ги интересираат следниве прашања: што се точно антиоксидансите и како е можно тие да помагаат кај толку многу телесни проблеми? Антиоксидансите кои ги внесуваме во телото се распоредуваат по целиот организам и ги обновуваат оштетените молекули. Така што, сигурни сме дека кога ќе го причитате овој тескт, ќе посакате во секој оброк кој ќе го консумирате да имате многу антиоксиданси.

Да го објасниме прво самото име. Живееме во свет кој е полн со негативни елементи, а со нив сме опркружени од сите страни – воздухот е загаден, страдаме од УВ-зрачењето, така што нашето тело го произведува хормонот на стрес и токсични хемиски реакции. Сите токсини во нашиот организам, со хемиски реакции се претвораат во слободни радикали (молекули без електрон кој сакаат да украдат од другите молекули електрони), или оксиданси.

Еднаш кога радикалот ќе се ослободи, брзо се шири. Слободните радикали во артериите (вообичаено настануваат поради консумирање храна пржењето во длабокото масло, димена храна или загадена од воздухот) ја менуваат структурата на лошиот холестерол, така што тој почнува да предизвикува срцеви проблеми. Сончевата светлина заедно со загадениот воздух може да создаде слободни радикало во очите, каде што тие ги оштетуваат ретиналните ќелии, па доведува до катаракта или слепило. Исто така, можат да се создадат и слободни радикали и во ќелиите на кожата, каде што тие ги оштетуваат ДНК ќелиите, го зголемуваат ризикот од рак на кожата и прерана појава на брчки. Слободните радикали, односно оксидансите, можат да ја уништат било која ќелија која им се најде на патот – истакнуваат експертите. Затоа се толку важни тие кои се борат против нив – антиксидансите. Тие делуваат така што на молекулите им го враќаат изгубениот електрон, без оштетување на друг молекул.

Нашето тело создава многу антиоксиданси, но тоа, за жал, не се доволни за борбата со сите слободни радикали, така да антиоксидансите треба да се внесуваат преку храната.

Секојдневно научниците откриваат нови антиоксиданси.

Најважни оксиданси на кои досега им е испитано дејството се: селенот, витамин Е, витамин Ц, каротеноиди, полифенол, коензим Q-10.