Јаболков оцет и вода, тајна за трајно решавање на проблемот со првутот

Луѓето го користат јаболковиот оцет за многу работи. Докажано е дека тој е подобар од винскиот оцет кој секојдневно го користиме, па се препорачува за секојдневна употреба. Јаболковиот оцет е позната народна терапија кај многу здравствени проблеми. Најпознат меѓу луѓето е рецептот со јаболков оцет против зголемен холестерол и триглицериди, но денеска ќе ви кажеме за еден едноставен рецепт како јаболковиот оцет да го користите во борба против првутот.

Се што ни е потребно за овој едноставен рецепт е:

  •  100мл. јаболков оцет
  • 400 мл. вода

За да го направите овој едноставен природен балсам ви е потребно едно шише од 500 мл. кое на врвот наместо обичен затворач има дозер, за да можете контролирано да исипувате. Во шишето ставете го јаболковиот оцет (100мл.), а во остатокот досипете вода. Водата треба да биде зовриена.

Откако прво нормално ќе ја измиете косата, почнете пополека да го нанесувате оцетниот раствор низ целата коса, постепено и со масирање. Во почетокот можеби ќе осетите малку печење, но тоа не треба да ве загрижува. Веднаш потоа исплакнете ја косата повторно.


ВАЖНО! Мешајте го оцетот исклучиво во горенаведените количини за да киселоста не биде силна и да не и наштети на косата.