Тајниот рецепт на највкусната домашна вртена пита

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 гр брашно

2,5 дл вода

1 квасец

малку сол

фил: урда/зелка/праз/спанаќ

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се замесува тесто од кое се прават 7 топчиња.

Од секое се сука кора и се премачкува со маргарин или маст.

Оставете ги да отстојат 25 минути и потоа тегнете ги една по една.

Секоја кора се попрскува со масло и се става урда/праз/зелка/спанаќ по желба и се витка во ролна.

Се редат вртејќи ги една до една во плех и се попрскуват со масло.

Вртената пита се пече околу половина час на температура од 200 степени.