Топ три маски за фарбана, мрсна и слаба коса

МАСКА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ФАРБАНА КОСА

Доколку често се фарбате потребно е да користите и третмани кои вашата коса ќе ја поправат од агресивното делување на хемикалиите во фарбите. За враќање на виталноста и сјајот на вашата коса може да ви помогне маската направена од банана, две чаши папаја, една чаша млака вода и една чаша пиво.

МАСКА ЗА МРСНА КОСА

Доколку косата ви се мрси брзо, овој проблем можете да го решите со помош на маска, што ќе ја подготвите од една шоља сок од портокал, една чаша јогурт и една супена лажица мед. Со оваа едноставна подготовка вашата коса помалку ќе се мрси.

МАСКА ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Измешајте едно авокадо, една супена лажица овес истолчен во прав, една супена лажица зелен чај, половина шоља млака вода. Оваа мешавина ќе ја врати јачината на вашата коса, а со тоа и помалку ќе паѓа.