Три начини за трајно намалување на триглицеридите

Опасности од високиот холестерол

Сите знаеме зошто е опасен високиот холестерол. Јасно е дека високиот холестерол го зголемува ризикот од срцеви заболувања но сепак да спомнеме неколку работи во врска со холестеролот:· Холесетеролот е дел од секоја наша клетка – тоа е тој кој ги прави нашите клетки “флексибилни” и овозможува да се изнесуваат и внесуваат материи од и во клетките.· Холестеролот најмногу се создава во црниот дроб, но тој исто така се создава и низ целото тело.· Вашето тело се обидува да го регулира нивото на холестерол со намалување на синтезата доколку има повеќе холестерол во храната која ја внесувате. И спротивно – доколку ја намалите количината на холетерол што ја внесувате, телото ќе ја зголеми количината на холестерол што ја создава.· Ратителните фитостероли како што е бета ситостеролот ја успоруваат апсорпцијата на холестерол.· Луѓето секогаш зборуваат за намалување на холестеролот, но истражувањата покажуваат дека триглицеридите се исто така многу важни а за да се намалат триглицеридите не е доволно само да се намалат полинезаситените масти кои ги внесуваме. Потребно е да се ограничи и количината на обработени јаглени хидрати што се внесуваат. Причината за ова е тоа што обработените јаглени хидрати (најчесто инстант храна) имаат висок гликемиски индекс и ослободуваат голема количина на прости шеќери во нашата крв откако ќе ги внесеме. Овие шеќери го зголемуваат нивото на триглицериди.

Начин бр. 1 – Диета 

Како да ги намалите триглицеридите со диета? 

· Внесувајте повеќе комплексни јаглени хидрати кои ги има во производите богати со влакна како свеж или малку сварен зеленчук, зрнеста храна, свежо овошје и млечни производи.

· Намалете ги животински масти а зголемете ги растителните.

· Придржувајте се кон храна со низок гликемиски индекс (ГИ); внимавајте овој индекс да биде помал од 54. Во производи со низок ГИ спаѓаат зеленчуци како грашок, морков и цвекло (патем, цвеклото е многу корисно за црниот дроб а тоа помага во намалување на холестеролот и триглицеридите). Други производи со низок ГИ се интегралниот леб, овошјето како јаболка и грозје и пилешкото месо.

· Намалете ги или сосема елиминирајте ги топлите напитоци бидејќи содржат шеќери.

· Зголемете ја храната богата со протеини.

· Јадете повеќе риба – рибата содржи голема количина на EPA и DHA (омега 3 масла кои ги намалуваат триглицеридите и холестеролот).

Начин бр. 2 – Вежбање 

Што повеќе вежбате, толку поефикасна ќе биде диетата која ќе ја примените (но не се мисли само на подолги прошетки). Точно е дека е тешко да се одвои време во напорниот ден за да вежбате, но зголемената физичка активност многу ќе ви помогне – и тоа не само да ги намалите триглицеридите, туку и да се одморите, релаксирате, концентрирате и подобро да спиете. Се што можете да направите за да ја зголемите физичката активност ќе биде во ваша корист. Понекогаш симнете се и качете се по скалите повеќе пати а понекогаш едноставно паркирајте го автомобилот малку подалеку.

Начин бр. 3 – Суплементи 

· Рибино масло: секој организам е различен, но нема некој на кого не му користи рибиното масло. Но рибиното масло може за некого да е скапо а некој може и да не сака да јаде риба. Затоа, суплементите од рибино масло одлично се вклопуваат.

ОДБЕРЕТЕ ЈА НАЈДОБРАТА ОМЕГА – 3 BLUE OCEAN ОД ДИВ ЛОСОС ОД ДИВИТЕ НЕДОПРЕНИ ВОДИ НА АЉАСКА

BlueOcean – Omega3 (1000mg) +vitamin e

· Blue Ocean Omega 3 содржи рибино масло добиено од див лосос ловен во водите на Аљаска кои важат на најчисти и најнезагадени во светот.

· Преработена на најнежен начин со што се добиваат природни Омега 3 масни киселини во најчиста форма (ладно цедење).

· Со ладно цедење на свежиот лосос се задржуваат и останатите хранливи состојки како витаминот Д3 и астаксантинот кој е моќен антиоксиданс со бројни полезности за здравјето.

· Rapid Release Liquid софт гел капсули кои се раствараат двојно побрзо од обичните софтгел капсули.

image007ПРОДАЖНИ МЕСТА на BlueOcean – Omega3  :

Сите аптеки на ЕУРОФАРМ
Сите ДМ дрогерии – маркети
Сите Космо – Тинекс дрогерии
и во сите подобро снабдени аптеки во Македонија.* Ова е изгледот на оригиналното пакување на BLUE OCEAN Омега-3.· Витамин В3 или ниацин: ниацинот може да ви помогне да се ослободите од црвенилото на лицето.· Растворливи влакна: тие можат да бидат во форма на испагол (psyllium powder). Освен тоа, ова може да ви помогне при констипација.

· Растителните стероли (фитостероли) како бета ситостерол и ситостанол ги намалуваат и триглицеридите и холестеролот.

· Растенија како лук, артичок, зелен чај, ѓумбир, куркума и маслинови листови. Овие можете да ги внесете како суплементи но секогаш можете да додадете повеќе лук, куркума и ѓумбир во храната. Можете да пиете повеќе чај и да конзумирате повеќе артичок.

Најдобар совет за да ги намалите триглицеридте и холестеролот е да јадете природна храна, да вежбате што повеќе и да земате додатоци како ОМЕГА 3 . Посетете и доктор кој ќе го следи вашиот успех.