Три негативни одлики по кои сте најпознати според хороскопот

Сигурни сме дека ги знаете квалитетите кои се карактеристични за вашиот хороскопски знак, па овој пат ќе зборуваме за нешто сосема друго. Ви претставуваме три негативни одлики по кои сте најпознати. Токму заради нив некогаш ви доаѓа да си ја зариете главата во песок како ној, нели?!

Овен

1. Вашето мото е „Веднаш, сега и тука!“. Брзате и нетрпеливи сте.

2. Доколку не станува збор за негова идеја, Овенот воопшто не се заморува со неа.

3. Може да бидете многу незрели.

Бик

1. Посесивни сте и материјалисти кои не знаат да делат

2. Болно сте тврдоглави

3. Мрзеливи хедонисити

Близнаци

1. Толку сте специфични што соговорниците никогаш не знаат на што се со вас

2. Сакате да го слушате својот глас и секогаш ги прекинувате другите кога зборуваат

3. Имате толку хобија што на крајот не успевате да се посветите на ништо целосно

 

Рак

1. Постојано го менувате расположението

2. Премногу сте внимателни и плашливи

3. Чувствителни сте и понекогаш ве повредува и најобичната ситница.

Лав

1. Толку се сакате себе си, што едноставно не можете да и’ одолеете на било која површина на која се гледа вашиот одраз.

2. Доколку сакате нешто, не обрнувате внимание на начинот и алатките кои ќе ги употребите за да го добиете.

3. Вашата постојана желба да бидете во центарот на вниманието може да биде проблематична бидејќи никој не ги сака оние кои мислат дека тие се центарот на Универзумот.

Девица

1. Осудувате сè околу себе и луѓето никогаш не знаат кога ќе ги „дочекате на нож“.

2. Ситничари сте и знаете да им префрлате на луѓето за секакви глупости.

3. Може да бидете крајни песимисти и во вашето негативно расположение да повлечете сè околу себе.

 

Вага

1. Многу сте неодлучни и прав пекол им е на другите да се договорат нешто со вас.

2. Склони сте кон откажување од своите принципи, само за да направите некого среќен и да го одржите мирот.

3. Вашата фасцинација со убавина може да значи дека поминувате ненормално многу време средувајќи се.

Скорпија

1. Одмаздољубиви сте и спремни сте да им го загорчите животот на оние што ќе ве повредат или оштетат.

2. Вашите манипулативни способности можат сериозно да нарушат нечие ментално здравје.

3. Често чувствувате длабок јад и огорченост.

Стрелец

1. Искрени сте до мера да звучите како да сакате некого да повредите.

2. Се правите дека секогаш знаете сè.

3. Доколку не правите нешто ново и возбудливо, смртно се досадувате.

 

Јарец

1. Толку сте опседнати со контрола, што немате поим што е опуштање.

2. Подготвени сте да ги искористите другите за да напреднете и тоа без заобиколување.

3. Уживате да зборувате за негативните работи и се храните со негативна енергија.

Водолија

1. Сакате да мислите дека сте објективни и рационални, без проблем ќе побрзате да ги осудите другите.

2. Сонувате и живеете во некој ваш свет, заради што луѓето ве доживуваат како ладни.

3. Секогаш нудите совети, но еднакво често не слушате што ви зборува соговорникот.

Риби

1. Сакате да им се препуштате на животните околности, па често губите контрола над сопствениот живот.

2. Често испуштате да ги примените потребите на другите.

3. Многу сте наивни.