Вагинален бел исцедок (бело прање), лекување и превенција

Кај една третина од жените кои што имаат чест бел исцедок (бело прање) од вагината, причинителот е трихомонас вагиналис, кој што го пренесува машкиот партнер.

Многу од мажите се жалат дека нивните партнерки имаат многу “бело прање“ со непријатен мирис, што како резултат ја расипува предиграта како и самиот сексуален однос. Некои мажи го мешаат белото прање со вагиналната слуз која што е резултат на сексуалната возбуденост на жената и поради тоа, грешно заклучуваат дека нивните партнерки веќе го достигнале своето прво ниво на сексуална возбуда.

Психолошки причини за белиот исцедок

Вагината е константно влажен орган кој што природно има бел исцедок, сличен на плунката во устата. Тој се произведува од различните жлезди, вагиналните пори и клетки кои што се отстрануваат од површината на вагината. Исцедокот е вообичаено бел. Квантитетот на белото прање варира во различните периоди на менструалниот циклус и исто така зависи и од психолошата состојба на самата жена. Жените кои што се иритирани, нервозни, напнати, уморени и невротични имаат голема количина на бело прање. 

Нерешените проблеми, грижата и тагата тригерираат големи количини на природен и здрав бел исцедок. Кога жената ќе се смири и одмори, количината се намалува. Овој тип на бело прање се нарекува психолошко бело прање.

Кога станува непријатно?

Белиот исцедок кај една третина од жените содржи Трихомонас вагиналис кој што не е секогаш активен. Може да опстанува во вагината без да предизвикува било какви проблеми. Ако состојбата во вагината се промени, може да се предизвика растење на Трихомонас вагиналис и следстевно на тоа да се јави инфекција во вагиналниот дел. 

Вагината добива црвена боја и исцедокот станува зелено-жолт, пенест и има силен и непријатен мирис. При тоа, жената се жали на печење околу вагиналниот отвор и во областа на надворешната уретра, особено при уринирање. Исто така, при сексуалниот однос се чувствуваат болни сензации.

Болеста се пренесува главно преку сексуален контакт, но исто така може и индиректно да се пренесе (раце, дршки од врата, тоалетни школки, базени). Многу од мажите, односно околу 70% од нив се исто така заразени со Трихомонас вагиналис ако нивната партнерка веќе ја има оваа инфекција. 

Кај мажите, инфекцијата се вгнездува во уретрата, уринарниот систем, простатата и семенските везикули. Инфекцијата може да се најде при преглед на урината, спермата или исцедокот од простатата кој што може да се предизвика со масажа преку анусот. Многу од мажите не се свесни дека се заразени со Трихомонас вагиналис, поради тоа што кај нив скоро и да не се развиваат никакви симптоми, освен во поединечни случаи може да се јави печење при уринирање или воспаление на главата на пенисот. Иако немаат симптоми, тие ја пренесуваат заразата.

Третман со вагиналети

Ако инфекцијата во вагината се третира само со вагиналети, инфецијата сеуште останува во уринарниот систем, иако самата вагина е излечена. При уринирање, вагината може повторно да се инфицира. Поради тоа, не само вагината туку и другите делови од телото се лекуваат кога имаме случај на Трихомонас вагиналис. 

Многу е важно и машкиот партнер истовремено да се лекува! 

Лекувањето вклучува два типа на лекови кои што ќе Ви ги препише гинекологот. Лекувањето трае 10 денови и кај двајцата партнери и за тоа време тие треба да апстинираат од сексуални односи и алкохол. Ако по третманот, инфекцијата повторно се појави, тоа значи дека третманот не бил ефективен или пак дека се појавила нова инфекција. 

Мажите исто така имаат проблеми со белиот исцедок

Многу мажи се жалат на различни проблеми со своите полови органи. Некои од нив искусуваат чешање, додека некои имаат абразии на кожата и мукозата. Исто така, карактеристични симптоми кои што многу мажи ги забележуваат се печење при уринирање или печење на главата на пенисот. Исто така, може да се јави и воспаление на главата на пенисот.