„Давор Масажа“:Ве боли грбот секој ден? … конечно има трајно решение

Колку што често ја прифаќаме болната кичма како минлива непријатност која треба што побрзо да се отстрани со било кое средство, толку често се случува и тоа дека еднаш отстранета болка, за кратко време повторно се појавува. Доколку тоа се случи еднаш, не е проблем. Но, ако тоа се случува редовно, тогаш со терапијата нешто не е во ред, а можно е да е истото со дијагнозата.

1012954_738135786261590_4851747631008781103_n

Болките во кичмата се симптом, а не болест. Болката е како црвена сијаличка на дисплеј во автомобилот која покажува дека нивото на уљето е многу ниско. Е сега, вие можете да ја скршите таа сијаличка, да и го прекинете дотокот на струја, или да ја покриете со нешто и таа веќе нема да свети. Но, уљето и понатаму ќе биде малку. А, ако не го решиме правиот проблем, автомобилот ќе застане. Можеби вкупната штета на крајот ќе биде поголема, отколку што требала да биде. Имајќи го тоа на ум, веројатно е јасен фактот дека ниту една позната метода на лечење, денес не може да даде добри резултати кај сите болни кичми.

1920163_718595044882331_4268832691169178569_n

Кога една метода ќе направи подобрување кај 40 % луѓе кои ги боли долниот дел од грбот, тогаш методата ја сметаме за исклучително ефикасна. Тоа е едноставно јасно, бидејќи од разни причини доаѓа до болки, па ако со една метода влијаеме на една од причините што предизвикуваат болка, тогаш не ги допираме останатите. Токму заради тоа, нема смисла, освен заради рекламирање, да се потенцираат добрите влијанија на една метода, или методата да се прогласи за супериорна во однос на другите. Всушност војната за да се истакне една метода како најдобра е беспотребна, не треба да постои, бидејќи секоја причина за болки во кичмата, си има свој начин на лекување. Сето останато нема смисла со сериозната медицина, како ни со желбата навистина да му се помогне на пациентот.

Имено, болките во долниот дел на грбот, предизвикуваат промени на меките ткива и коските, далабоко во самата структура на кичмата, на нејзината непосредна околина, како и на подалечните делови на телото.

Иако постојат и други поделби, можеби наједноставно е да се постават три групи на причинители.
Првата група е и најпозната, а тоа се болкки во кичмата предизвикани од дегенеративни заболувања.

Дископатијата, дискус хернијата, коскените израстоци (остеофити) се вовлечени во секојдневната конверзација како најпознати, секојдневни работи.

Специфичноста кај оваа група причинители е фактот дека тие се појавуваат полека, па така до првата појава на болка, односно сигналот дека нешто навистина не е како што треба, процесот може да трае и со години. Тоа во исто време значи и дека лечењето ретко може да биде кратко и едноставно.

Втората група на причинители ја сочинуваат траумите во поширока смисла на зборот. Ударите во пределот на кичмата, може да го нагмечат мекото ткиво и да предизвикаат болка без оглед дали има хематом или не. Силните удари и трзаи (како пад од височина, или сообраќајна несреќа), можат да предизвикаат сублуксација (полуисчашување) на кичмата, што потоа ќе предизвика притисок на мекото ткиво, меѓу кое, пак, има и сплет од нерви.

Во оние најлошите случаи на траума доаѓа на напукнување или кршење на нивото на кичмата. Под траума можеме да ги вброиме и ситуациите на нагло преоптеретување на мускулите на долниот дел од грбот со последично воспаление на нивните припои и (или) истегнување на самите мускули, што се случува кај еднократните и интензивни физички активности.

Исто така, кај наглото подигнување на товар може да дојде и до сублуксација на кичмата. Лечењето на секоја од наведените повреди се разликува, па затоа и кај повеќето повредени е потребна детална дијагностика, а кај скшената кичма и болнички третман. Но, заедничко им е дека е најважен одморот и мирувањето во кое доаѓа до заздравување на оштетеното ткиво, после што следува кратка или долга физикална терапија. По завршувањето во поголемиот број случаи се очекува целосно опоравување.

Третиот збир на причинители е составен од различни болести, во кои болките во кичмата се само еден од симптомите.

Кај овие состојби ретко се лекуваат само болките во долниот дел од грбот, туку сите напори се усмерени во обид да се влијае на примарното заболување. Овде ги вбројуваме ревматолошките болести во кои доаѓа до промена на малите зглобови на кичмата, рскавицата и коските, потоа остеопорозата со сите нејзини дополнувања, потоа болести на внатрешните органи како бубрезите, црниот дроб, цревата и слезинката, а можно е и простатата, се до малигните заболувања на самата кичма и нејзиното непосредно опкружување, како и цел сплет на невролошки заболувања.

Иако во некои од споменатите состојби или болести физикалната терапија може да помогне, важно е на време да се дијагностицира вистинската причина за болка во кичмата, па потоа во договор со лекарот-специјалист да се прејде на лекување.
Денес се смета дека дегенеративните процеси во телото и нивното напреднување
е спој на генетското наследство и начинот на живот. Но, точното влијание на еден, во однос на друг фактор се уште не е одреден. Тој факт ги отвори вратите на многу различни пристапи на лекување или санирање на таквите состојби.

Во конкретниот случај, во процесите на дегенерација на кичмата, се случува цела низа на промени, како на коските, така и на меките ткива кои ги опкружуваат.
Највидливиот резултат на целиот тој комплекс е болката, што доаѓа како последица на притисокот на коските или меките ткива на нервите, или другите меки ткива. Хернијата на рскавичниот дискус или неговото сушење (дископатија), остеофитите (коскените испакнувања на краевите), но најважното прашање не е нивното име, туку целта и начинот на лекување.

Важно е да се разбере дека еднаш присутна, дегенеративна промена не е возможно да се излечи. Дури и кога по оперативен пат ќе се отстрани дел од дискусот кој притиска на нервот и создава болка, самиот дегенеративен процес не е отстранет или завршен, како што се останати недопрени и другите промени кои моментално не предизвикуваат болка.
Сето тоа предизвикува опасност дека во блиска иднина повторно ќе стане акутно (ќе егзацербира) и ќе поттикне нови непријатности. Во тој смисол на два дела се делат терапиите за сите дегенеративни болести на кичмата.

Прво, секако е симптоматското лекување. Целта му е да се отстрани болката најбрзо што е можно.
Јасно е дека пациентот со акутен ишијас нема време за расправија околу причините за болка, туку треба да се почне веднаш со нивно отстранување.

Како тоа не е секогаш лесна работа, треба да се обиде со се што се има на располагање.
Зависно од конкретниот случај, тоа може да биде масажата, киропрактиката, акопресурата, акупунктурата или цел арсенал на физикална терапија. Во посебно резистентни случаи се употребуваат лекарства во облик на аналгетик, дали се тоа таблети или инјекции, а повремено се користат и кортикостероиди.

Ако се случи ниту една метода од опишаните да не даде резултат, треба да се обиде и со оперативно лекување. Но, кога болката или барем поголем дел од неа се отстрани, критична фаза е опоравувањето. Обично пациентот е охрабрен со подобрувањето и во поголемиот број на случаи верува дека конечно е дојден крајот на неговите маки. Но, поради природата на дегенеративните процеси, тоа ретко се случува. Често заканите од нови болки и закочување траат и понатаму.

Во тој смисол важно е функционалното лекување, кое може да настапи дури кога периодот на силните и акутни болки е поминат.
Функционалното лекување се заснова пред се на вежби, на кои целта е да се развијат или оспособат компезаторните механизми на кичмата и нејзината околина. Имено, бидејќи кичмата е составена од голем број на пршлени, меѓусебно споени во динамичен комплекс, еден дел од неа може да ја преземе функцијата на некој друг, повреден дел. Вежбањето служи како би се убрзал тој процес на транзиција, односно од друга страна како би се заштитила самата кичма од нови, негативни влијанија од околината.

Веќе е познат фактот дека силните и флексибилни мускули го преземаат на себе еден дел од стресот кои ја активира кичмата, па во функционалниот дел од лекувањето целта е токму таа. Кога еднаш ќе се постигне таа цел, постигнатото треба редовно да се одржува. Се на се, можеби не можеме директно да се бориме против негативните страни на сопственото генетско наследство, нол телото дава можност за многу алтернативни можности и способности кои можат да се развиваат за доброто на сопственикот и да им се спротивставуваат на пречките.