Вежбајте надвор и кога е студено

Ако сакате да трчате исклучиво надвор, тогаш ова зимско време и не ви е многу погодно. Сепак, постои решение, соодветната облека и однапред одреден план се вашите сојузници.
Трчањето во зима може да претставува голем ризик за вашето здравје. Сепак, најголемите опасности се можните повреди кои во вакви услови се многу чести, доколку не сте добро подготвени.
Физичката активност на надворешна температура која е помала од 15 С Целзиусови ја намалува еластичноста на лигаментите, а со тоа и на зглобовите. Причината за тоа е намалената циркулација на крвта низ мускулите со кои се намалува способноста на контрирање, па се губи и самата сигурност на зглобовите која е условена од силината на мускулите.
Забележав дека многу девојки кои вежбаат на отворено доаѓаат на тренинг потполно неспремни и лошо облечени. Што се однесува до облеката, таа не мора да е скапа, туку да е прилагодена на надворешната температура и на моменталното годишно време. Многу е важно облеката да биде отпорна на влага и на ветер кој е значително посилен кога трчаме, отколку кога стоиме или се шетаме.

Тренингот секогаш испланирајте го додека сте дома, во моментот кога ќе излезете надвор активноста треба да почне. Еве уште еден важен совет- истегнувањето никогаш не го правете надвор, туку кога ќе се вратите во вашиот топол дом. Доколку долго после тренингот останете надвор се изложувате на ризик на настинка.