За што се користат Oмега – 3 масните киселини? … Висок холестерол…Болести на срцето…Висок крвен притисок…

За што се користат омега 3 масните киселини?

Омега 3 масните киселини се есенцијални масни киселини. Есенцијални значи дека телото не може да ги синтетизира, туку мора да се внесат со храната. Омега 3 масните киселини се наоѓаат во мрсната морска риба, како лосос, туна, сардини, харинга, скуша, бакалар. Нутриционистите препорачуваат земање на риба барем 3 пати неделно, особено масни морски риби богати со овие киселини.

Висок холестерол

Ескимите, кои користат многу риба богата со омега-3 масни киселини во исхраната, имаат низок LDL -лош  холестерол и зголемен  HDL – добар холестерол. Неколку големи клинички студии потврдиле дека EPA и DHA го намалуваат вкупниот холестерол и триглицеридите во крвта.

Висок крвен притисок

Со анализа на клиничките студии може да се заклучи дека со суплементот на 3г рибино масло дневно може значително да се намали крвниот притисок кај луѓето кои не користеле терапија за контрола на крвниот притисок.

Болести на срцето

Еден од најдобрите начини да се спречи развој на болести на срцето е да се намали внесот на заситени масти (животински масти) и да се зголеми внесот на незаситени масти (масти од растително потекло), вклучително и омега-3 масни киселини. Исто така беше, потврдено дека ја спречуваат појавата и развојот на атеросклероза (стеснување на крвните садови поради задебелување и акумулација на масти во ѕидовите на крвните садови). Со суплементација на омега-3 масните киселини значително е намален ризикот од ненадеен срцев удар или мозочен удар. Преку доволниот внес на риба се спречува формирањето на тромб, кој може да ги запуши артериите и да доведе до срцев удар или мозочен удар. Всушност, со внесувањето на две порции масна морска риба неделно го намалувате ризикот од мозочен удар за 50%. Сепак, со ништо не треба да се претерува, па  луѓето кои земаат повеќе од 3г рибино масло (3  порции риба на ден) може да го зголемат ризикот од крвавење, а потенцијалното крвавење на мозокот може да биде фатално.

Артритис

Повеќето клинички истражувања спроведени за употребата на омега-3  масни киселини кај воспалителни состојби на зглобовите се фокусирани на ревматоиден артритис. Откриено е дека овие киселини ја намалуваат болката во зглобовите , утринската вкочанетост и  овозможуваат намалување на износот на лековите кои се користат од страна на пациентите со ревматоиден артритис ,но и други хронични воспалителни болести, како што е остеоартритисот кои може да се ублажат со употреба на омега-3  масни киселини.

Депресија

Луѓето кои не внесуваат доволно омега-6 масни киселини, или не  одржуваат рамнотежа во односот на омега 3  и омега 6 масните киселини во исхраната се изложени на зголемен ризик за развој на депресија. Омега-3  масните киселини се вклучени во составот на мембраните на нервните клетки. Овозможуваат комуникација меѓу нервните клетки, кои се неопходни за одржување на доброто ментално здравје. Кај депресивните пациенти кои земаа 2-3 порции масна риба неделно во текот на 5 години забележано е значително намалување на депресивните чувства.

Медитеранската исхрана вклучува здрава врска помеѓу внесот на омега-3  и омега-6 масните киселини. Ова  вклучува ограничен внес на месо, а нагласена доза на производи од цели житни зрна , свежо овошје и зеленчук, риба, маслиново масло, лук и умерено консумирање на вино.

Други индикации

Употребата на омега-3  масните киселини клинички тестирана е кај: остеопороза,  биполарно растројство,  шизофренија,  булимија,  анорексија, разни дерматитис,  псоријаза, изгореници од сонце,  астма,  макуларна дегенерација, менструални болки,  воспалителни болести на цревата.

Како делува омега 3 ?

Есенцијалните масни киселини се градбени материи од кои се произведуваат простагландини, кои  регулираат голем број функции во телото, вклучувајќи ги и имуниот одговор и синтезата на хормоните. Овие простагландини ги намалуваат воспаленијата, проширувањето на крвните садови, ја намалуваат коагулацијата на крвта и нивото на штетниот LDL холестерол, а во исто време го зголемуваат нивото на добриот HDL холестерол . Рибиното масло не влијае на намалувањето на создавање на холестерол во црниот дроб, кое може да биде главна причина за хиперхолестеролемија кај наследната форма на оваа болест.

Овие хранливи материи играат важна улога во правилното функционирање на мозокот и правилниот развој и раст. Бремените жени, доилките, децата и жените кои планираат бременост треба да водат сметка за потеклото на рибата која ја консумираат поради можна контаминација на жива, потребно е да се користи риба од рибник. Овие категории треба да применуваат омега-3  масните киселини во форма на додатоци од реномирани производители, кои имаат гаранција дека нема присуство на жива и други токсини во рибиното масло. Во исхраната на современиот човек постои нерамнотежа во внесувањето на омега 6 и омега 3  масните киселини. Омега 6 масните киселини се присутни во исхраната, и се внесуваат преку сончоглед, пченка, масло од ленено семе. Сепак, односот на количината на омега-6 и омега-3 масните киселини  во исхраната треба да биде 2: 1 до 4: 1,  а во модерната исхрана е од 10: 1 до 30: 1

Постојат три главни видови на омега 3 масните киселини  , кои се усвоени од страна на телото: Алфа линоленска киселина – АLА,  еикосапентаноична – EPA и докосахексанска – DHA. Во организмот се прави преведување на АLА во EPA и DHA. Омега-3  масните киселини го намалуваат воспалението, како и факторите на ризик поврзани со развојот на хроничните болести како што се срцевите заболувања, ракот и артритисот. Симптомите на недостаток од омега-3 масни киселини се нагласен замор, слаба меморија, сува кожа, проблеми со срцето, промени во расположението, депресија и слаба циркулација.

Медитеранаката исхрана вклучува здрава врска помеѓу внесот на омега-3  и омега-6 масните киселини. Ова  вклучува ограничен внес на месо, а нагласена доза на производи од цели житни зрна , свежо овошје и зеленчук, риба, маслиново масло, лук и умерено консумирање на вино.

Споредба на симптоми кои се јавуваат во отсуство на есенцијални масните киселини

Омега 3                                                        Омега 6

Зголемен крвен притисок                Кожни ерупции како егзема

Зголемени триглицериди                 Косопад

Нарушувања при учење                   Дегенерација на црниот дроб и бубрезите

Слаба моторна координација          Нарушено однесување

Вкочанетост на рацете и нозете      Обилно потење и жед

Промена во однесувањето               Подложност на инфекции

Имунолошки нарушувања               Бавно зараснување на рани

Слепување на тромбоцити              Стерилитет, абортуси

Сува кожа и едеми                            Заостанување во растот

Ментална детериорација                 Срцеви и циркулаторни болести

Што велат научните истражувања?

Истражувањата покажаа дека постојат некои анти-туморски ефекти од  рибиното масло, со влијание за спречување на пролиферација на клетките на ракот на дојката и рак на дебелото црево. Истражувањето спроведено во 2001 Јама направено е на речиси 80.000 жени во текот на 14 години. Резултатите покажале дека жените кои консумирале омега-3  масни киселини имале 72% помал ризик од срцев удар и 67% помал ризик за тромбоза.

Како  се зема омега 3 ?

Се консумира помеѓу 1000 мг и 3000мг дневно. Треба да се зема во поделени дози  со храна.

Рибиното масло може безбедно да се користи заедно со други лекови поради своите добри особини. Долготрајната употреба на рибино масло може да се намалат резервите на витамин Е, па треба да се земе предвид нејзината соодветна доза (200IU на ден). Додатоците може да се разликуваат во содржината на EPA и DHA, обично содржат околу 180мг на EPA и DHA 120мг. Пет грама рибино масло содржи околу 170-560мг EPA и DHA 72-310мг во зависност од видот на рибата  од која се добива. Не се препорачува внесување повеќе од 3г омега-3  масни киселини дневно.

Во кои случаи не треба да се зема омега- 3 ?

Не се препорачува за употреба кај хемофилија и нарушена коагулација на крвта .

Кои несакани ефекти може да се појават во примената на омега-3 ?

Суплементите од рибино масло многу добро се поднесуваат, единствено се регистрирани благи несакани ефекти на дигестивниот тракт.

Контаминација на рибата  од тешки метали, особено жива, е проблем. Меѓутоа, повеќето фармацевтски брендови содржат прочистено рибино масло без штетните отрови со кои се загадени морињата, како што се живата, оловото, кадмиум, диоксин, полихлорирани бифенили – PBC и други тешки метали.

Со кои лекови не треба да се применува во исто време  омега- 3 ?

Истовремена употреба на големи дози (повеќе од 3г на ден) со антикоагулантни лекови (ацетилсалицилна киселина 100мг, аценокумарол, варфарин, клопидогрел) и фибринолитици имаат синергетски ефект,  и може да доведе до зголемување на тенденцијата за крвавење (крвавење од носот, повреда, хируршки интервенции). Истовремена употреба на додатоци од гинко и омега-3  масни киселини, исто така, треба да  избегнуваат и пациенти склони кон крвавење.