Жалфија супер лековита билка

Во согласност со најстрогите критериуми, таа може слободно да ја земе титулата за најлековито растение во светот. Жалфија или латински Salvia officinalis ( salvare – што значи да се спаси или исцели ) од многу одамна се користи за лекување на речиси секоја болест.

Модерната наука докажала дека жалфијата има антибактериска и антифунгална активност. Смирува, освежува и оживува, помага против болки и висока температура, може да ја намали гликозата во крвта, што ја прави корисна кај дијабетесот. Неодамна е докажано дека жалфијата ја подобрува меморијата и дејствува против Алцхајмеровата болест.

Практиката покажала дека одлично ја прочистува крвта и еднакво добро помага во протерувањето на слуз од телото. Има позитивен ефект врз циркулацијата, против воспаление и крвавење.

Поради своето силно антисептично дејствување, таа се користи во третманите за лечење чирови, лош здив, проблеми со грлото и крајниците, и забниот кариес. Ако имате такви проблеми – правете гаргара со чај од жалфија.