Три грешки при употребата на кондом

За време на секслуалниот однос најчесто го забораваме најважното нешто во сето тоа, а тоа е да се заштитиме. Некои користат кондоми, но повеќето од нив го употребуваат кондомот на погрешен начин. За вас ги пронајдовме грешките кои најчесто ги правите при користењето на кондом и тоа како да се ослободите од нив.

1. Никогаш не треба да се отвори кондомот порано туку исклучиво пред самата употреба, бидејќи со стоењето се уништува латексот и може да пукнe за време на сексуалниот однос.

2. Ако не оставите доволно простор на врвот на кондомот каде што треба да се  задржи спермата, за време на сексуалниот однос тој ќе пукне. Затоа, бидете сигурни дека имате доволно простор на врвот.

3. Било каков вид на масло го уништува латексот, па кога користите кондом потрудете се да не користите лубриканти збогатени со масло, а ако имате потреба користете исклучиво лубрикант на база на вода.