5 најважни придобивки од цинкот

Цинкот е уште еден минерал со чудесни здравствени ефекти. Тој помага за правилен раст и развој на организмот, овозможува нормална синтеза на ДНК, го зајакнува имуниот систем, а исто така го убрзува и зараснувањето на раните. Цинкот е минерал одговорен за бројни, различни функции во нашето тело и исто така е неопходен за активација на над 300 ензими. Во продолжение прочитајте и за други здравствени придобивки од внесот на цинк, кои ќе ве мотивираат да се потрудите да го снабдите вашето тело со доволни количини на овој минерал.

  1. Го зајакнува имунитетот;
  2. Го контролира шеќерот во крвта и помага при дијабетес;
  3. Го подобрува видот;
  4. Помага при кожни болести како егзема, акни, дерматитис;
  5. Го зголемува либидото;

Експертите истакнуваат дека храната богата со цинк е многу важна за доброто здравје, бидејќи дури и малиот недостаток може да предизвика проблеми поради кои е неопходно константно внесување на овој минерал во организмот. Најголемиот проблем со недостаток на цинк претставува современата исхрана на луѓето која најчесто се базира на производи кои немаат ни приближно доволно витамини и минерали.