Ако мажите носат здолништа ќе имаат подобра сперма

Мажите кои носат Kilts имаат подобра сперма и се многу повеќе плодни, според шкотските научници.

Научниците тврдат дека носењето килт без гаќи е поволно дури и идеална средина за спермата. За  тестисите да произведуваат соодветно ниво на сперма, нивната температура мора да биде три степени пониска од температурата на телото, велат истражувачите, јавуваат Шкотските медиуми.

Неодамнешните студии покажаа дека е дојдено до глобален пад во квалитетот на спермата кај мажите во текот на изминатите 50 години.

Покрај тоа, во последниве години има голем пад на плодноста во индустријализираниот свет. Иако причините кои придонесоа за ова се комплексни и повеќеслојни, група на научници од Шкотска верува дека за ова придонесе слабиот квалитет на спермата кај мажите.

Сепак не е целосно јасно зошто квалитетот на спермата се влошува, но промените во животниот стил и зголеменото загадувањање се дел од можните причини.

Во Шкотскиот медицински журнал се објави статија во која се вели дека причината за машката неплодност и лошиот квалитет на спермата е и тоа што многу често носат тесни килоти или панталони, со што се зголемува температурата на тестисите.

Можеби вашето изгубено здолниште е кај вашиот партнер, а не’ заборавено кај најдобрата другарката!