Антиоксидансите лек за машката неплодност

Двојките кои имаат проблеми во зачнувањето може да имаат корист доколку сопругот се одлучи да зема антиоксидантни суплементи, вели најновото истражување кое е објавено во Cochrane Library, и опфаќа резултати од 2,876 испитувани двојки кои сите биле на терапија поради неплодност.

Повеќето од испитуваните мажи имале ниска концентрација на сперма или мала подвижност на сперматозоиди, а истражувањето било сконцентрирано на ефектот од земањето на антиоксиданти како витамин Е, цинк и магнезиум.

Истражувачите докажале дека двојките имале поголеми шанси за зачнување доколку мажот зема суплементи на антиоксиданси, отколку плацебо (лажна пилула која треба да предизвика позитивен ефект врз основа на психолошки ефекти).

Антиоскидансите можат да ја потикнат подвижноста на сперматозоидите, како и нивната концентрација.

Водачот на ова истражување Marian Showell, при University of Auckland во New Zealand вели: Кога една двојка се обидува да забремени, како дел од асистираната репродуктивна програма, би требало оваа двојка да се советува да зема орални антиоксидантни суплементи за да се зголеми шансата за забременување.

Но, таа сепак смета дека доказот е ограничен, и дека се потребни повеќе споредбени модели во однос на останатите суплементи кои не се вклучени во истражувањето.

Дотогаш, користењето на овие суплементи нема да има штета, туку само хипотетичка корист.

3/4 од неплодноста кај мажите потекнува од абнормалности во сперматозоидите, што може да е причинето од намален број на сперматозоиди, редуцирана мобилност на сперматозоидите или пак абнормалности во нивната морфологија (форма).