Замастен црн дроб? Чувајте го здравјето на црниот дроб со Артичок

Црниот дроб е најголема жлезда во човековото тело. Се наоѓа позади ребрата, во горниот десен дел од абдоменот. Црниот дроб има многу функции, кои се клучни за одржување на здравјето на човекот и за животот! Една од нив е продукцијата на жолчка, која е неопходна за разградување на мастите, а помога во апсорпција на витамините А, Д, Е и К.

За жал, многу луѓе немаат доволно познавање за сите функции на црниот дроб, но и на фактот што симптомите на болестите на црниот дроб обично се неспецифични и настануваат постепено и подмукло. Особено младите, не размислуваат на последиците кои можат да настанат од прекумерно консумирање алкохол, цигари и мрсна храна.

Замастен црн дроб (стеатоза)
Како што споменав и погоре, една од главните функции на црниот дроб е преработка на мастите од храната во форми кои можат да се складираат и користат во организмот. Замастениот црн дроб или како стручно се нарекува стеатоза на црниот дроб е пореметување при што доаѓа до прекумерно натрупување на масти, (триглицериди – кои се користат за добивање на енергија и создавање нови клетки) во внатрешноста на клетките на црниот дроб. Ткивото на црниот дроб содржи нормално ниво на масти, но доколку тоа се надмине и само 5% од вкупната маса на организмот, тогаш тоа е сериозен случај и станува збор за замастен црн дроб.

Најдобар начин да се заштитите од оваа состојба е регулирање на телесната тежина, нормално ниво на триглицериди, контролирано пиење алкохол и други штетни супстанци.

Кои се причините за стеатоза на црниот дроб?

  • Често и прекумерно консумирање на алкохол,
  • Прекумерна телесна тежина (гојазност),
  • Недоволна телесна тежина (неухранетост),
  • Шеќерна болест (дијабет),
  • Изложеност на хемикалии,
  • Прекумерна употреба на лекови (кортикостероиди и слично),
  • Исхрана со недоволен внес на протеини,
  • Бременост,
  • Пореметувања на метаболизмот,
  • Дефицит на ензими.

Артичок – совршен избор за здрав црн дроб
Артичоките, како и екстрактот од листовите и стеблото на артичоката, се препорачувале за здравје на црниот дроб. Според многу истражувања, тие се моќни заштитници кои ги намалуваат крвните липиди во телото, како холестеролот.  Цинаринот и силимаринот – фитонутриенти кои ги има артичоката го даваат силниот и позитивен ефект за здравјето на црниот дроб.

Историски гледано, американците не го користат овој зеленчук, меѓутоа во Европа со децении се користи за здравје, а особено за прочистување на црниот дроб.

Артичоката, е член на трнливо млечно семејство кое го регулира нивото на шеќер во крвта, влакнест и зелен зеленчук кој во себе го содржи синаринот. Тоа е фенолно киселинско соединение за кое експертите веруваат дека е одговорно за неговите холеретички својства :
– Холагога – медицински агент, кој го помага празнењето на жолчката од системот, прочистувајќи ја потполно;
– Холеретик – супстанца која го стимулира производството на жолчката во црниот дроб.
Овие две функции се исклучително важни за здравјето на црниот дроб. Причината е, ако жолчката не се транспортира соодветно кон жолчното кесе, црниот дроб има огромен ризик биде оштетен.