Астма & превенција

Избегнувајте одредени видови храна и прашина уште од од рана возраст и можеби ќе ви помогне. Британските истражувачи откриле дека избегнувањето на одредени видови храна и прашина за време на првите месеци од животот, може да помогне во спречување на астмата.

Биле набљудувани 120 деца од 1990 година кои имале еден или двајца членови во семејството со алергиски болести, затоа мислеле дека имаат потенцијал да развијат алергии во текот на нивниот развој. 58 доенчиња на возраст до една година и нивните мајки во групата за превенција следеле диета со која се одбегнува консумирање на млечни производи, соја и ореви. Доенчињата имале винил душеци и постелина за да се намали прашината.

За разлика од нив, на мајките на останатите 62 бебиња не им биле направени овие промени во исхрана и постелнина. Резултатите од 18 годишно следење на децата биле презентирани на конгрес на Европската Академија за алергија и имунологија.

Научниците откриле дека кај децата на возраст од една, две, четири и осум години, има значителна редукција на атопија (генетичка тенденција за развивање на алергиски болести). На 18 годишна возраст пак, постоело значително намалување на астмата во групата која била изложена на превентивните третмани. Целокупното истражување ја покажува комплексноста на астмата и важноста на интеракцијата помеѓу генетските и факторите на околината, посебно во раните години од животот. Атопијата останува најзначајниот фактор на ризик за астма. И покрај интензивните напори да се развијат нови третмани, астмата сеуште е неизлечива болест.