Брзо & вкусно: Крцкави компири со сусам

Најчестиот „гостин“ на сите трпези- компирот, овој пат во комбинација со сос од соја и сусам, претставува одлична шанса за деликатесен ручек, заслужен после напорниот работен ден…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама компир

2 чешниња лук

1 главица кромид

50 грама Сусам

Сос од соја

Маслиново масло

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Поголема тава, подмачкајте ја со маслиновото масло и почекајте да се загрее. Во меѓувреме, сечете го компирот. На загреаното масло, пржете го компирот 6-7 минути, намалете ја температурата и додадете ги ситно сечканите лук и кромид, со кои ќе продолжите да го пржите компирот, уште 5 минути. Ја тргнувате тавата на страна,компирот го преливате со сос од соја, наросувате малку бибер и повторно го пржите компирот, на тивок оган, уште 2 минути. За крај, пропржете малку сусам, наросете го врз компирот…и јадењето е готово…

Уживајте во прекрасниот и едноставен ручек …