Чај од ѓумбир за топење масни наслаги & детокс на организмот

Во последниве години, ѓумбирот стана неизбежен дел во секој дом, дали во форма на прав или свеж ѓумбир, или чај од ѓумбир…за него поќна да се зборува многу. Сигурно сте слушнале и за оној детокс на организмот со краставица, кој е многу ефикасен, но денеска ќе зборуваме малку и за придобивките од чај од ѓумбир. Наместо да се одлучувате за чај од јаболко и цимет или јагода…направете си чај од ѓумбир, кој помага во топење на масните наслаги, особено во пределот на стомакот, ги топи вишокот килограми, го забрзува метаболизмот и го чисти целиот организам. Ѓумбирот претставува ароматичен зачин и природен лек против широк спектар на заболувања. Доколку сакате преку храната да го згреете телото и да ја подобрите циркулацијата препорачливо е да го пробате ѓумбирот и тоа консумирајќи напиток или грицкајќи коцки од ѓумбир. Гингеролот присутен во ѓумбирот ја подобрува циркулација и го поттикнува согорувањето на мастите и калориите, со тенденција да ве згрее и да ве ослободи од вишокот килограми. Истотака се користи како лек против главоболки, настинки и болки во желудник. Ја подобрува менталната будност, перцепцијата, помнењето, има антикоагулантно дејство и го олеснува дишењето и искашлувањето. Погледнете зошто ѓумбирот треба да биде неизбежен дел од вашата исхрана.

Ѓумбирот е заштитник на срцето
Претходно наведената студија од 2017 година покажа дека ѓумбирот имал некои корисни ефекти за кардиоваскуларниот систем, со тоа што се појавил за да се намали количината на ЛДЛ холестерол кај учесниците кои имале високи нивоа на холестерол. Една група примила 3 ​​грама ѓумбир дневно во капсули, а плацебо групата добила 3 ​​грама лактоза во капсули дневно. На крајот од 45 дена, истражувачите откриле дека пациентите кои примале ѓумбир корен во прав значително ги намалуваат нивоата на триглицериди и холестерол, вклучувајќи ги и липопротеините со многу ниска густина.

Помага при варењето на храната
Ѓумбирот е многу ефикасен и помага за полесна апсорпција на хранливите материи од храната. Исто така, ја ублажува надуеноста во цревата и гасовите, но го регулира и апетитот.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Ѓумбирот содржи антиоксиданси кои помагаат за подобрување на имунолошкиот систем. Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот помага и во борбата против многу видови рак.

Го намалува стресот

Ѓумбирот има смирувачко дејство и го намалува стресот и напнатоста. Тоа е поради неговите специфични и јаки ароми и лековити својства.

Ја зголемува плодноста
Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на ѓумбир може да го зголеми бројот на сперматозоиди и да помогне при еректилна дисфункција.

Останати предности

  • Се бори против инфекции
  • Спречува непријатен мирис
  • Го забавува растот на канцерогени клетки
  • Го намалува нивото на лошиот холестерол, а го зголемува нивото на добриот
  • Помага при детоксикација