Десерти без печење … Рум штангли со рум и компир…највкусни …

Само 20 минути ќе ви бидат потребни за нивна подготовка:

Состојки:

300g компир
300g мелени бисквити
200g темно чоколадо
140g маргарин
200g шеќер во прав
1 лажица какао
2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
1 лажица масло
Подготовка:

1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.

2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.

3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.