Десет „кул“ и уникатни песни за будење

Дали ви треба мотивација или енергија, или можеби двете кога се будите сабајле? Има ли подобар начин отколку со неколку навистина „кул“ песни!

Музиката дефинитивно ќе ви помогне, но ви треба вистинската песна. Би сакале да ви направиме уникатна и разнолика листа на песни. Заморени сме веќе од песни како “Eye of the tiger”,”I will survive” и “We are the champions”. Немаме ништо против тие песни, но би сакале да ја „модернизираме“ малку оваа листа. Еве ги најдобрите десет „кул“ и уникатни песни за наутро, но по внимателно смислен редослед.

Пробавме да вклучиме што поразлични жанрови за да одговара на секој вкус.

1.”Ray of light” од Мадона

Оваа е прекрасна утринска песна. Многу е весела и може дефинитивно да ве орасположи. Иако беше официјално пуштена на пазарот пред десеттина години во 1998 година, сеуште звучи како да е сега компонирана. Оваа е омилената песна од „Бест оф“ албумот на Мадона (IMO).

2.”Get up offa that thing” од Џејмс Браун

Секогаш песната  “I feel good” од Џејмс Браун е редовна песна на мотивациската листа, но секогаш се наоѓа некоја подобар песна од кралот на соулот и да знаете, оваа е подобра. Ова е толку „кул“ песна што иако е децениски стара таа и ден денес би можела да биде хит! Совршена е за будење!

3.”Rise up” од Р.Кели

Со оваа песна не бев баш многу запознаен. Мислам дека е креирана за спомен на пукањето во Вирџинија Тек. Откако ја преслушав, ја вметнав во мојата листа на фаворити. Нејзината порака „издигни се, дури и да не можеш“ е како порачана за сите кои се будат наутро.

4.”Wanna be startin something” од Мајкл Џексон

Со скорешната смрт на „Кралот на попот“, бев приморан да најдам некои стари, но добри негови песни!Прекрасна песна што едноставно ве тера „нешто да сакате да започнете“, како на пример да започнете да играте! Одличен начин да го започнете денот со – Месечевото одење!

5.”I can see clearly now” од Џими Клиф

По мое мислење, ова е најдобра верзија на оваа песна било кога направена. Ритамот е многу повисок и повесел отколку онаа на Џони Неш. Додатно на ова и стихот „ќе биде ведар, ведар сончев ден“ не можете да посакате подобро будење отколку со оваа песна.

6.”I’m alive” од Селин Дион

Позитивно и роматично будење Селин Дион. Едноставно не е мој тип на музика, но оваа е идеална песна за утринско будење. Едноставна и има одлична порака. Нема подобар старт на денот отколку со мислата „Ја сум жив!“

7.”Get up” од Сеара

Ова е песната со најточен наслов. За секој кој сака ар-енд-би, ова е супер песна за слушање во утринските часови. Тоа е досега најдобра песна од Сеара и иако нема некои луди ритми да ве „дигнат“ од кревет, сепак ја прави песната убава за слушање.

8.”Get up” од Технотроник

За сите оние кои израснаа во 80-тите .Забавна е, „луда“, но ова е песна која гарантирано ќе ве разбуди и ќе ве крене на нозе.

9.”Beautiful day” од Ју Ту (U2)

Не можам да поверувам дека оваа песна за малку ќе беше прескокната! Ова е перфектна песна за почетокот на новиот ден и тоа по вистински пат. Без сомнеж, идеална утринска песна.

10.”Every morning” од Шугар Реј

На сите на кои 90-тите им се омилени години за слушање музика, можете да ги поврзете со оваа песна! Оваа песна има „кул“вибрации што ја прави течна за слушање и како создадена е за утринска песна. Забавна песна која ве тера да се чувствувате прекрасно кога ќе се разбудите!

Уште некои песни кои за малку не влегоа во топ 10:

“The power” од Снеп

“Lose yourself” од Еминем

Everywhere” од Брен Вен 3000