Диета со јагоди

Оваа диета се базира на јагодите, а искуството на оние што ја држеле покажало губење дури до 3 килограми за 4 дена. Немој да се изненадите од рецептите во кои се мешаат за повеќето од нас неспоиви намирници – едноставно пробајте, па ќе оцените.
-Диетата се состои од свежи намирници – затоа обрнете внимание додека купувате;
-Неопходен ви е блендер за оваа диета, не само затоа што го забрзува процесот на потготовка, исто така ви помага убаво да се соедини;
-Доколку сте вработени најдобро е диетата да ја започнете во петок. Со тоа ќе прескокнете само два ручека (заменете ги со свежи јагоди), а резилтатите ќе бидат слични;
-Диетата трае само 4 дена, поради тоа не постои посебна препорака за зголемување на физичка активност;
-Ако не можете без кафе, погрижете се да не пиете повеќе од 2 филџани на ден и со секое напијте се чаша вода.

ПРВ ДЕН
Појадок: исецкајте 250гр. јагоди, пола јаболко и пола банана, промешајте и додадете лажичка мед и 50гр. незасладен јогурт.
Ужина: ставете во блендер 100гр. јагоди и 1дл. Млеко со ниска масленост, додадете ½ лажичка мед и 50мл. негазирана минерална вода и целата смеса измиксирајте ја.
Ручек:
150гр. јагоди
1 парче мисиркини гради
100гр. краставица
300гр. аспарагус
10гр. магдонос
20гр. ораси (мелени или ситно исецкани)
1 лажица сок од лимон
6 лажици супа од зеленчук (или негазирана минерална вода)
1 лажица маслиново масло

Исчистете го аспарагусот, исецкајте го на парчиња и варете додека не омекнат. Исецкајте ги јагодите и краставицата на кругови, а мисиркиното месо на ленти. Сето ова измешајте го во голема чинија и посипете со сос од сокот од лимон, супата од зеленчук и маслиново масло, на крај посипете ораси по желба и вкус.

Ужина: измиксирајте 100гр. јагоди, 1 дл. јогурт со ниска масленост и една лажичка мед.
Вечера: направете салата – поголем варен компир, една главица ситно сецкан кромид, мал сварен целер, 1дл. јогурт, 50гр. сирење со ниска масленост и листови од магдонос. Зачинете по вкус со сок од лимон, сол и бибер.

ВТОР ДЕН
Доручек: 2 парчиња интегрален леб намачкани со сирење до 2% масленост.
Ужина: направете шејк од 200гр. јагоди, помешајте со различни плодови и додадете 1 лажичка путер и 1 лажичка мед.
Ручек: во голема чинија помешајте ситно сецкани јагоди (100гр.), 1/2 зелена салата, 1 домат, 1 пиперка, сирење со ниска масленост (50гр.), јогурт (1/2дл.), сок од лимон, сол по вкус, тост од интегрален леб исечен на коцки.
Ужина: мешавина на сок од јагоди (1дл.), јогурт со ниска масленост (1дл.) и сок од ананас (1/2дл.).
Вечера: палачинки со јагоди – палачинките спремајте ги во тефлонско тавче и намачкајте ги со крем од изгмечени јагоди, младо сирење и лажичка мед.

ТРЕТ ДЕН
Појадок: овесна каша со 1/2дл. сок од јаболко, пола банана и 100гр. јагоди.
Ужина: 1дл. јогурт со ниска масленост, 100гр. јагоди и лажичка мед измиксирани во блендер.
Ручек: мала главичка карфиол варена во вода, потоа премачкана со една лажичка путер и попрскана со ситно сецкани парчиња шунка (30гр.).

Ужина: 1дл. сок мешавина од портокал и јагода со една лажичка мед.
Вечера: направете пире од еден поголем варен морков и еден варен компир со додаток на млеко, лажичка путер и малку вода. Добро измешајте. Сипете го пирето во огноотпорен сад, преку него додадете сецкани домати и пиперки. Со лажица посипете пармезан, а по вкус додадете и малку босилок или оригано. Потпечете во рерна 15 минути. Со ова пикантно пире се конзумира мешавина на густ сок од еден домат и 100гр. јагоди (за подобар вкус додадете и малку бибер).

ЧЕТВРТИ ДЕН
Појадок: 2 парчиња интегрален леб намачкани со сирење со ниска масленост и 50гр. јагоди.
Ужина: измиксирајте еден портокал, едно јаболко и 100гр. јагоди, додадете лажичка мед и уште малце матете.
Ручек: риба, најдобро пастрмка, лесно динстана со кромид, зачинета со магдонос и парчиња лимон. На рибата ставете и кругови од 50гр. јагоди и по желба малку сенф (одлична комбинација). Одличен додаток е зелена салата малку закиселена со сос од лимон или јаболков оцет.

Ужина: во блендер ставете 150гр. јагоди, лажичка мед, сок од еден лимон и 1дл. вода. По желба можете да го збогатите овој напиток и со додавање на 1/2дл. јогурт со ниска масленост.

Вечера: испечете еден голем компир во рерна (со лушпа), направете мешавинаод свеж морков, пиперка, целер и сок од лимон. Посебно измешајте неколку поголеми јагоди, 50гр сирење и 1дл.јогурт. Тргнете ја лушпата од испечениот компир, па премачкајте го со првиот (густ) прелив, а потоа премачкајте и со пореткиот прелив. По желба додадете и малку босилок или оригано.