Болки во колената, рацете, колковите??? „Подмачкајте“ ги зглобовите со Мовенс

На луѓето кои се постојано физички активни и редовно се рекреираат, многу добро им е позната онаа досадна болка што се јавува понекогаш во зглобовите. Најчеста е во колената, колкот или лактите, а може доста да ги исплаши „жртвите“. Доколку се реагира на време, ништо страшно не се случува со вашите зглобови. Но овие непријатни болки се почеток на многу потешки заболувања како артритис.

Мовенс од др. Витон
Кога се зборува за суплементите за зглобови, треба да се знае дека тоа не се лекови, ниту медицински средства кои се земаат исклучиво по препорака на лекар, туку се средства кои се класифицирани како додатоци на исхраната и се во слободна продажба. Dr. Viton MOVENS е најнова формула која ослободува од болките и вкочанетоста засекогаш. Животот повторно ќе го живеете со леснотија. Постојат најразлични препарати под различни трговски имиња, а основните состојки кои треба да ги содржат се глукозамин, хондроитин сулфат и метилсулфонилметан. Овие соединенија не ги внесуваме преку храната како витамините и минералите и затоа е потребно дополнително да се внесат преку соодветни суплементи.

Глукозаминот е основен прекурсор за синтеза на глукозаминогликани кои се основна компонента на р̕скавицата. Примената на ваков препарат го превенира намалувањето на р̕скавицата и ја обновува веќе оштетената.
Колагенот го спречува оштетувањето на коските од меѓусебното триење (фрикција)
Хондроитин сулфатот е примарен глукозаминогликан кој го обезбедува отпорот при компресија на р̕скавицата. Често се комбинира со глукозаминот. Клиничките студии покажуваат намалување на болките во зглобовите по секојдневно земање на овој препарат во одредена доза, која се движи од 800 – 1200 милиграми.
Меѓу добрите „подмачкувачи˝ на зглобовите спаѓа и витаминот Ц. Можеби ќе се изненадите, но освен што го поткрепува имунитетот, овој витамин е клучен во синтезата на гореспоменатиот колаген. И покрај тоа што комерцијално не се продава како суплемент за зглобови, можете да го консумирате преку свежото овошје и зеленчук.