ФЕНГ ШУИ: Модерни бои за хармонија во домот

Во фенг шуи се посветува големо внимание на правилно избирање на боите. Тие можат да „лечат“, но со неправилна употреба, сериозно го нарушуваат здравјето и меѓусебните односи на станарите.

painted-rainbow-color-house

Боите не се само декорација, туку многу моќно средство кое вашиот дом може да го претвори во оаза на хармонија и просперитет. Но, пред се, треба да знаете дека за секоја просторија во куќата или станот постојат поволни и неповолни бои. Имено, експертите за фенг шуи ги избираат по принцип кој се базира на комбинирање на пет основни елементи – оган, метал, земја, дрво и вода и нивниот кружен циклус.

Ходник

Со оглед на тоа дека на оваа просторија најчесто и недостига светлина, се препорачуваат сите нијанси на жолта, бела или кремаста боја.

Painting-For-Interior-Your-Home

Дневна соба

Наспроти ходникот, во дневната соба можат да се употребат поинтензивни бои, како што се портокалова и црвена, со тоа што со оваа последната боја на треба да се претерува, бидејќи може да делува вознемирувачки на станарите. Меѓутоа, може да се ублажи со пастелни тонови.

Кујна

Со оваа просторија треба да бидете максимално внимателен бидејќи нејзиниот централен дел е шпоретот (оган), па затоа треба да се избегнува црвената боја (на пример, плочки, кујнски елементи, столови….). Силната енергија на огнот може да се смири со жолтата боја, која е оптимистична и насочува кон творештво и интелектуална работа, па и погодна е и за трпезаријата.

Бања

Се препорачува смирувачки зелена и релаксирачка сина боја.

flourescent-green-bathroom

Спална соба

И за спалната соба погодни се зелената и сината боја. Оваа просторија служи за одмарање и собирање енергија, па затоа треба да се користат смирувачки и нежни нијанси. Доколку е во прашање соба во која спијат брачните партнери, треба да се додадат и некои црвени детали, како што се перничиња или ламби, за постојано да ја „подгреваат“ страста. Меѓутоа, доколку во спалната соба доминира црвената боја, може да предизвика сериозни проблеми меѓу партнерите.

Decorative-techniques-interior-paint-my-home-improvement

Страните на светот

Покрај тоа, според фенг шуи боите за уредувања на просториите се одредуваат и по страните на светот. Имено, јужната страна на домот го симболизира огнот, па за тој дел се препорачуваат нијанси на црвена, жолта и портокалова. Во прашање се јанг боите кои одлично одат заедно со окерот и кафените нијанси, но за тој сектор не се препорачува белата боја.

За северната страна (вода) се советуваат сите сини нијанси во комбинација со црната боја. Нив во овој сектор не треба да се мешаат со црвената боја, бидејќи „водата го гаси огнот“, па може да делува многу штетно на станарите.

Источната страна (дрво) треба да се освежи со нијанси на зелена и кафена боја, кои го поттикнуваат растот и во комбинација со црвената боја ја зголемуваат нејзината моќ и го зголемуваат просперитетот.

Сите нијанси на златна, сребрена и бела боја се многу погодни за западниот и југозападниот дел на станот (метал) и одлично се сложуваат со водените бои, како што е виолетовата боја. Металните бои никогаш не треба да се комбинираат со земјените бои, бидејќи го забавуваат напредокот на станарите.

За југозападниот, централниот и североисточниот сектор на станот (земја), треба да се употребуваат сите нијанси на окер, крем и кафена боја.

Затоа, компасот во раце, пуштете ја својата имагинација и извлечете максимум од просторот во кој живеете.