Грешки кои ја уништуваат вашите заби и насмевка

Дали редовно ја одржувате хигиената на забите и сметате дека тоа е се што е потребно за убава насмевка? Одредени работи кои ги правиме можат многу да ги оштетат забите.
 
Премногу грубо четкање
Доколку многу грубо ги четкате забите можете да ја оштетите глеѓта, а тоа предизвикува чувствителност на забите и непцата. Купете четка со меки влакна и четкањето нека биде лесно и нежно.
 
Кисела храна
Киселата храна и пијалаците исто така можат да ја оштетат глеѓта на забите.
Газираните пијалаци, лимонот, сокот од портокали ако ги консумирате во големи количини можат да влијаат негативно на вашите заби. Доколку не можете да се воздржите од киселите пијалаци и храна, тогаш за време на нивното консумирање, нивната киселост неутрализирајте ја со вода или сирење.
 
Обелување
Нормално е да посакувате бели и убави здрави. Со текот на годините, забите стануваат потемни, но не претерувајте со обелувањето, бидејќи може да им наштети на забите. Убаво е да знаете, дека забите немаат природно бела боја, туку боја на слонова коска. Во секој случај пред да ги обелите забите, консултирајте се со стоматолог.
 
Консумирање на топла пица со ладен пијалак
Кога ќе загризете топла пица, забната глеѓ се шири. Доколку потоа се напиете ладен пијалак без цевче, можеби ќе предизвикате пукање на глеѓта. Топлата пица најдобро е да ја јадете со вилушка, но со топлите залаци избегнувајте ладни пијалаци.