Идеално време за да одите на спиење е 22 часот …

Вежбањето во утринските часови, поставувањето на алармот за одење во кревет, ограничување на ТВ и други техники, оставањето на работа во канцеларија и рутината ви гарантираат повеќе мирен сон

Ако одите во кревет порано, сонот е подобар.

Идеално време за да одите на спиење е 22 часот, иако кон тоа ретко се придржуваме , покажа новата студија. Толку рано легнување може да донесе многу придобивки, а покрај повеќе енергија, раното легнување гарантира подобро здравје на срцето и крвните садови, покажа една јапонска студија. Исто така, луѓето кои одат на спиење порано се под помалку стрес, имаат подобар имунитет и обично се попродуктивни.