Калциумот го продолжува нашиот живот

Нема опасност по здравјето ако вкупниот внес на калциум преку исхраната и додатоците не надминува 1000 mg на ден, а покрај тоа што ги прави посилни коските им помага на жените да живеат подолго

Жените кои земале калциум како додаток од 1000 mg дневно имале 22 проценти помал ризик од смрт во текот на еден период од 10 години, во споредба со оние кои не земале дополнително од овој минерал, според 12-годишно проучување на канадскиот Универзитетот Мекгил изведено на 9000 луѓе. Земањето на калциум, сепак, не беше толку ефикасно и за мажите.
Претходно лекарите советуваа претпазливост кога земате високи дози на калциум за спречување остеопороза ,поради потенцијалните негативни ефекти врз срцето, но една нова студија ги менува овие сомнежи, пишува Daily Mail .
– Придобивките од суплементите на калциум врз здравјето на оние кои имаат природно ниски дози на овој минерал се видливи додека дозата не надминува 1000 mg на ден, без оглед на тоа дали додатокот содржи витамин Д или не – вели авторот на студијата д-р Давид Голтзман.
Се разбира, на луѓето кои внесуваат доволно калциум преку исхраната, особено млечни производи, риба и зелен лиснат зеленчук нема да им требаат додатоци, велат експертите. Сепак, исхраната на повеќето луѓе содржи недоволно ниво на калциум, па затоа суплементите се најефикасниот начин за зајакнување на коските, особено кај жените.