Колач од зелен чај

Вкусен & здрав колач со специфичен вкус…совршен избор за гурмани кои трагаат по нови егзотични вкусови.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Шеќер
  • малку   Прашак за пециво
  • 1 кесичка/ки Зелен чај
  • 200 грама Брашно
  • 2   Јајца

КРАТОК ТЕКСТ:

Зелениот чај потекнува од Кина, каде што и најмногу се произведува. Тој е направен така што не се врши ферментација, туку веднаш и брзо се пржи. Доколку пак се примени технолошка постапка, тогаш се добива многу познатиот Руски чај.

Во Кина, зелениот чај за домашна употреба, има разновиден мирис, во зависнот од желбата на потрошувачите.

Зелениот чај ја зголемува моќта на нашиот ум, односно ја зголемува нашата моќ за помнење, размислување, и воопшто ја зголемува нашата интелегентна способност.

Чајот ги намалува сонливоста и заморот, особено ако заморот е предизвикан како резултат на интензивен психички напор.

ПОДГОТОВКА:

  • Изматете ги путерот и шеќерот со миксер. 
  • Постепено додавајте ги изматените јајца и добро мешајте. 
  • Измешајте ги заедно брашното, печивото и чајот, па додадете ги во смесата со јајцата. 
  • Од тестото кинете парчиња и направете топчиња. 
  • Ставете ги топчињата во тава за печење премачкана со путер. 
  • Печете на 180 степени 30-40 минути.Добар апетит!