Колку пати дневно е доволно да се тужираме, а да е здраво за нашето тело?

Поголемиот дел од луѓето се тушират секојдневно. Тоа им е како еден вид на дневна обврска која никако не сакаат да ја пропуштат. Но, нивните навики се косат со тврдењата на научниците кои велат дека честото туширање има и свои штетни последици.

Докторот Џошуа Цајхнер, професор по дерматологија во њујоршката болница Mount Sinai, честото туширање го карактеризира како културен феномен.

Според повеќето дерматолози, луѓето често знаат да претераат со хигиената, а таквото однесување е прифатено како општествена норма.

“Неумереното” туширање е одраз на влијанието и на маркетингшките кампањи и тоа не само на современите, туку и на рекламите кои се пласирале после Граѓанската војна. Како што во тоа време рекламите за сапуните се ширеле, така и хигиената на луѓето се подигала на повисоко ниво.

Американските дерматолози истакнуваат дека честото туширање ја исушува кожата и предизвикува иритации, ги отстранува и добрите бактерии кои постојат на површината на кожата, предизвикува напукнувања на кожата и го зголемува ризикот за добивање на инфекции. Ова особено се однесува на туширањето со врела вода.

Според нив, особено е важно родителите да не ги капат и своите деца секојдневно. Ако го послушаат овој совет, тие ќе направат детската кожа да биде помалку чувствителна и подложна за развој на алергии и разни кожни заболувања, како што е егземата.

Според советите на дерматолозите, апсолутно не е неопходно секојдневното туширање, но за време на оние денови кога е исклучено, секако треба да се одржува хигиената на најкритичните места на телото и тоа со влажна крпа.

Темпото на туширањето пак зависи од активностите на луѓето, но главната препорака е да се применува еднаш во два до три дена.