Луѓето кои доцнат се поуспешни и живеат подолго…Но зошто е тоа така?

Науката вели дека луѓето кои каснат се поуспешни и живеат подолго. Зошто е тоа така? Затоа што се оптимисти и не дожувиваат голем стрес.
Сигурно одма ти текна на некој? Најдобриот пријател кој едноставно не може да дојде на време, или пак можеби ти си се пронајде. Сепак, ова е супер вест за луѓето со лош тајминг. Можеш да задоцниш некогаш или секогаш, но позитивните особини се многу симпатични.  Луѓето кои доцнат не се под стрес, со што имаат подобро здравје, поголем успех на работа, а со тоа и подолг живот. 

Доцнењето е во сојуз со оптимизмот
Во книгата на ДеЛонзор таа вели „Немој да доцниш повторно. Луѓето кои доцнат се оптимисти и нереални, а тоа влијае врз нивната перцепција на времето. Тие навистина веруваат дека се може да се направи со трчање, за еден час да ја соберат облеката од хемиско, да пазарат и да ги остават децата во училиште. Тие се сеќаваат на денови  пред 10 години, кога сите тие работи се постигнуваа за 60 минути, ама сега е потребно многу, многу повеќе време”.

Овој позитивен став придонесува за поголем успех 
Во една студија, продавачи кои се оптимисти продаваат 88% повеќе од оние што се песимисти. Нивните резултати се подобри затоа што нивниот поглед на животот е подобар.

Тие имаат повисоки нивоа на ентузијазам
Оние кои често  доцнат или се неорганизирани спаѓаат во категоријата „ентузијасти”. Негативните страни се неорганизираност, расфрланост и недисциплина, но позитивните квалитети се екстровертен, спонтан, возбуден и разигран тип на човек.

Минувањето на времето за нив тече различно
Ваква студија била спроведена од страна на Џеф Конте, професор по психологија на Државниот универзитет во Сан Диего. Истражувачите спроведоа експеримент од тип А (конкурентни, нетрпеливи личности) и тип Б (опуштени, креативни) – и оние кои доцнат спаѓаат во група Б. Тие побараа од луѓето од двете групи да погодат, после една минута, колку време поминало. Оние од тип A одговорија во просек 58 секунди, додека типот Б одговорија дека поминале 77 секунди. Тие буквално подолго го сметаат времето.

Мултитаскинг луѓето имаат иста перцепција за времето
Доцнат почесто од другите луѓе.

Одговорно и целосно се „предаваат“ што и да прават, па така губат осет за време
Помислете на вашиот омилен пријател кој секогаш доцни. Тие всушност имаат премногу пријатели и многу хобија. Кога други луѓе доцнат, оние „доцначите“ не гледаат негативно на тоа, тие ја гледаат покрупната слика на ситуацијата. Луѓето кои спаѓаат во група Б не се вознемируваат и сметаат дека е во ред да доцнат 5 мин.  (најверојатно не е).

Тие се спонтаниНивната релаксирачка природа придонесува за тоа тие да не се замараат кога има автобус, или да се резервира хотел или лет… Тие “само ќе фрлат некои работи во куферот и ќе излезат, по пат ќе најдат каде да спијат и да јадат. Е тоа е авантура!

Лошо менаџираат со пари
Луѓето кои доцнат, а не сакаат да доцнат, живеат во моментот и тешко им е да зачуваат нешто за црни денови. Заштеда? Шопинг? Не јадење брза храна… Упс.

Тие обожаваат таргети и цели
Не следејќи ги упатствата, овие луѓе размислуваат поопширно и секогаш ги решаваат проблемите на неконвенционален начин-што досега се покажа дека е подобар. Исполнување рокови… тоа е тоа! Можеш да бидеш како некој што е навлечен на адреналин и финишот на трката му е предизвик, или би можел да бидеш продуцент – некој кој добива поттик да направи нешто за колку што е можно помалку време.

Според кардиолозите, луѓето кои доцнат немаат ризик од срцеви заболувања
Во една студија од страна на Меѓународниот весник на клиничка и здравствена психологија, личностите од тип А имаат поголем ризик за срцеви заболувања бидејќи тие имаат повисоко ниво на стрес, а оние кои се помалку загрижени за времето, најверојатно, ќе ги избегнат болестите поврзани со стресот.

За да бидеш поуспешен и да живеш подолго, не се заморувај дали ќе стигнеш на време…спиј како бебе со Dr. Viton Magnezan B6Во случај на нервоза, раздразливост, блага анксиозност, нарушен сон и мускулни грчеви, ова е единственото решение. Ја подобрува функцијата на нервниот систем, срцето и мускулите. Витаминот Б6 ја забрзува апсорпцијата на магнезиум за 40%.
Магнезиум е минерал кој му треба на секој орган во човечкото тело. Има одличен ефект врз релаксација на нервните клетки, го подобрува сонот и го намалува. Магнезиумот го лечи појавувањето на болни грчеви, а витамин Б6 помага подобро да се апсорбира во мускулите, ја намалува и ослободува болката и тензијата во зглобовите.