На која возраст жените слабеат најлесно?

Најлесно слабеење на жените е 32 години, а на мажите година порано – на 31, велат експертите.

Идеална фигура жената може да постигне е 32, бидејќи најголем дел од жените раѓаат околу оваа возраст и се мобилизираат да ослабат по раѓањето.

Анкета, спроведена меѓу дамите и господата, покажува дека и двата пола го сметаат пристигнувањето на 30­тата година за пресвртна точка во врска со физичката состојба на духот.

Токму на оваа возраст повеќето од нив се подложуваат на најстрогите диети, покажува истражувањето.

Според 54% од учесниците во анкетата, во подоцнежните години од животот помалку се грижеле за својот изглед, а и потешко ја одржувале линијата со диета или спорт.

59% од оние кои се на диета сметаат дека во 20­те години мажите и жените се одржуваат најлесно, бидејќи повеќето уште се слободни, излегуваат и се забавуваат и вложуваат напори за да изгледаат добро.