Најбрзата Индијска вегетаријанска диета за слабеење – „ГМ“ диета за седум дена

Дали сте опседнати со слабеење? Кажете ми кој не е? Секое второ лице ќе ви каже дека сака да смени нешто на телото. Губење на тежина не е тешко, како што мислат многу луѓе. Вистина е дека е потребна голема посветеност и напорна работа. Всушност, потребна е огромна посветеност и многу, многу напорна работа. Сепак, еве една тајна диета за да ослабите и да ја намалите тежината за само седум дена! Ова е најдобрата вегетаријанска диета за губење тежина. Сигурно се прашувате зошто е оваа диета поразлична од другите? Кога сте пробале речиси се што е можно на светов и сепак не сте биле задоволни. Оваа вегетаријанска диета за губење на тежина ќе ви помогне многу бргу да ослабите. Исто така, наречена и „ГМ“ диета.

ИНДИЈСКА ГМ ДИЕТА

Ослабете 3-5 килограми за една недела

Вегетаријанска исхрана за губење на тежината не е само поради губење на телесна тежина, но тоа е, исто така, метод за одржување на витко и пропорционално тело. Заедно со овие, ќе ви помогне да консумирате зеленчук и овошје кои ќе ви помогнат да се зајакне метаболизмот. Вегетаријанската исхрана и губење на тежината одат заедно. Тоа е најздравиот и најбрз начин да се ослаби. Оваа вегетаријанска исхрана стана позната во целиот свет. Секој е зависник од неа, таа, всушност функционира!

Предности на „ГМ“ диета

Оваа седум дневна вегетаријанска диета беше направена за доброто на вработените во Џенерал Моторс. Ова е причината зошто е наречена „ГМ“ диета. Целта на програмата е да се одржи здравото тело. Можете да ги очекувате да се случат следните нешта во текот на оваа диета :

1.Да изгубите 5-8 килограми за седум дена
2.Природен сјај на кожата
3.Елиминирање на токсини ќе ви даде енергија и расположение
4.Ќе го намали салото околу стомакот и половината.

План за вегетаријанска „ГМ“ диета :

Овој план вклучува консумирање на овошје, зеленчук и скроб. За да ја припремите вегетаријанската диета, треба да избегувате консумирање алкохол неколку дена. Особено во текот и пред диетата. Ова е многу важен совет кој треба да го следите. Алкохолот ја зголемува уричната киселина во телото, што доведува до задржување на водата. Ова го блокира природниот процесот на детоксикација.

Исто така, многу е важно секој ден да пиете и по 10 чаши вода, бидејќи нема да го консумирате истиот износ на карбохидрати кои нормално ги внесувате. Водата ќе биде ваш главен извор на енергија за целиот ден. Исто така, ќе го зајакне метаболизмот и природно ќе го отстрани несаканиот вишок од телото. Во случај да сте почнале со оваа диета, подобро е да паузирате 2 до 3 дена пред да продолжите со диетата. Со ова ќе му помогнете на телото да се навикне на новиот метод на внесување хранливи материи, што исто така, ќе го ослободи вашето тело од вознемиреност.

ДЕН 1 :
Првиот ден е секогаш најтежок. Обидете се да останете на страна од сите желби, бидејќи ќе консумирате само овошје. Можете да консумирате секакво овошје, со исклучок на грозје, банани, личи и манго. Можете да ги консумирате онолку колку што сакате. Препорачано е да консумирате повеќе бостан, лимета, портокали, јаболка, калинки, јагоди и дињи. Можете да јадете и по 20 пати на ден, но само овошје.

Ова е начинот како да го подготвите вашето тело за следните денови. Единствениот извор на хранливи материи доаѓа од овошјето. Тие ќе ве снабдат со се што му е потребно на вашето тело. Ако повеќе сакате да ги сечкате и јадете, тоа е одлично, но, немојте да додавате ништо друго. Тоа е само ден на „чисто овошје“ за мене! Ако можете да го ограничите внесувањето на овошје само со дињи, тогаш имате добри шанси да ослабите 1,5 килограми на првиот ден.

ДЕН 2 :
Како и кај првиот ден, и вториот ден е овој пат „само со зеленчук“. Можете да јадете само зеленчук и ништо друго. Можете да јадете колку што ви посака срцето, додека не го почувствувате стомакот полн со зеленчук, се разбира доколку така сакате. Зеленчукот може да биде варен или свеж. Дури можете да го започнете денот со варени компири и лажичка со путер. На овој начин ќе му дадете доволно енергија и карбохидрати на телото за целиот ден. Но, по тоа само свеж и варен зеленчук.

Само еден компир би бил доволен за еден ден, не консумирајте повеќе од тоа. Совршено би било да се додаде малку оригано или босилек за да го направат зеленчукот подобар за јадење. Вториот ден е без калории со пристојно количество на растителни влакна и хранливи материи. Ако го направи тоа во вториот ден, вие сте дефинитивно посветени кон тоа!

ДЕН 3 :
Овој ден е комбинација на првиот и вториот ден. Можете да ги јадете споменатите овошја и зеленчук. Јадете многу, колку што сакате и пијте многу вода, како што е препорачано. Компирот одбегнувајте го третиот ден, бидејќи веќе имате доволни количества карбохидрати од овошјето. Вашиот систем е спремен да ги согори вишокот килограми. Можеби вашите желби ќе бидат доминантни, но мислете на слабеењето и одличните резултати. Ќе се чувствувате весели и среќни.

ДЕН 4 :
Сè има свое совршено време, ако верувате во оваа изрека тогаш сте во право. Се сеќавате како ви велеа да не јадете банани во првите три дена? Но, на четвртиот ден од вегетаријанската диета за губење на тежината, слободно можете да јадете и до 6 банани во текот на целиот ден. Можете да пиете и до четири чаши млеко. Сигурно сте слушнале дека бананите помагаат во зголемување на телесната тежина, сепак во оваа диета, тие дејствуваат како извор на калиум и натриум за телото. Со оглед на тоа што внесот на сол е намален, бананите ќе ја завршат работата.

Исто така, за оброк можете да јадете и една шолја многу ретка супа. Супата треба да се состои од пиперки, кромид, лук и домати. Тоа е вкусен и здрав рецепт кој ќе ви помогне во процесот на слабеење. Можете да ја јадете само еднаш дневно, тоа е само за да го освежи вашиот вкус од сето внесување на зеленчук и овошје. Бидете внимателни, одолејте на предизвикот. Ви останаа само три дена од третманот за губење на тежината!

ДЕН 5 :
Петтиот ден е фестивалски ден за вас, бидејќи можете да јадете вкусен оброк. Можете да јадете домати, зелје и урда, исто така, позната како панир во Индија. Исто така, можете да додадете парчиња од соја во оброкот. Направете вкусна супа со наведените состојки и испијте ја. Зголемете го внесот на вода на петтиот ден.

Можете да јадете и до 6 домати и зголемете го внесот на вода со 1/4 од дневната потрошувачка. Ова се прави со цел да се исчисти вашето тело од уричната киселина. Доматите се добри поради растителни влакна и варење на храната. Водата ќе го прочисти вашето тело од сите видови на отрови.

ДЕН 6 :
Шестиот ден е малку поразличен од петтиот ден. Ќе јадете зелје, урда и друг зеленчук, со исклучок на домати. Избегнувајте ги доматите на шестиот ден. Вкусна супа и многу вода ќе ви помогнат во текот на денот. Зеленчукот ќе обезбеди витамини и влакна за вашето тело. Вие веќе ќе ги забележите промените во вашето тело. Продолжете со секојдневно пиење вода.

ДЕН 7 :
Последниот ден од диетата. Ова е најважниот ден. Ќе се чувствувате лесно во нозете и среќни однадвор. Можете да земете свежо цеден овошен сок, чаша интегрален ориз или половина чапати и било кој друг зеленчук. Комплетирајте го денот со пиење вода.

Ова е комплетниот план за седумдневната диета. Доколку стриктно го следите, никој не може да ве спречи да имате здраво и послабо тело. Подолу наведените совети ќе ви помогнат поефикасно да ги планирате седумте дена.

-Без овошни сокови во првите шест дена. Обидете се да го зголемите внесот на вода до 15 чаши до петтиот ден ;
-Во целост избегнувајте го чајот, кафето или алкохолот. Заменете ги со црн чај, црно кафе и лимета (сето ова е без шеќер) ;
-45-минутни вежби ќе ви помогнат да ги постигнете најдобрите резултати ;
-Во случај оваа програма за слабеење да е за специјална прилика, пробајте ја два месеци однапред со 2-3 дена пауза на секои седум дена ;
-Зеленчукот може да се консумира во форма на салата или да се јаде како цела. Можете да ја збогатите со цеден лимон, лук или дури со бел или вински оцет. Ништо друго не би требало да додавате ;
-Дадениот рецепт за супа треба да се консумира ви ограничени количества. Ќе ви претставува задоволство да јадете додека го држите овој режим за слабеење. Во случај да не ви се допаѓаат состојките, можете да додадете друг зеленчук како карфиол, пченка, грашок, аспарагус, зелка и други. Обидете се да се држите настрана од сите видови на грав (црвен во форма на бубрег, лима, пинто, итн), за кои велат дека се богати со калории.

Вашата вегетаријанска диета е готова. Што сега? Ќе изгубите 5 до 8 килограми таа недела, а потоа ќе ги вратите назад? Оваа вегетаријанска диета не е направена да ви помогне во одржување на вашата тежина? Дефинитивно, тешко е да се одржи оваа ригорозна диета во текот на вашиот живот. Се што ви е потребно да направите по оваа диета е да се одржувате себеси. Затоа ќе ви посочиме неколку работи кои треба да ги направите за да водите здрав и весел живот.

1.Фокусирајте се на подобрување на вашите навики со диетата. Сите хранливи материи внесувајте ги умерено.
2.Редовно вежбање за одржување на телото.
3.Имајте балансирана диета со дневни дози на минерали, влакна, витамини, протеини, карбохидрати, масти итн.

„ГМ“ диетата стана најпопуларна диета кај Индијците. Ова е така поради атрибутите на зеленчукот. Со само седум дена посветеност и напорна работа ќе изгубите многу килограми. Оваа диета е извонредно ефикасна, па затоа има и многу задоволни Индијанци. Не чекајте повеќе! Прифатете го овој седумдневен предизвик и ќе имате подобар животен стил и подобро тело. Следете го овој извонреден режим. Внимавајте што јадете, контролирајте ја желбата за храна и ќе бидете посреќни и со повитко тело следната недела!

Често поставувани прашања за диетата за слабеење „ГМ“ :

Алтернативното овошје кое може да се консумира на првиот, вториот и третиот ден од „ГМ“ диетата за седум дена

-Лубеница, само 30 калории на 100 грама по порција и со висок процент на вода која ја содржи. Ова е најдоброто овошје за подобро слабеење;
-Дињи, тие се само друго овошје од семејството на бостан кои имаат малку калории, со густи хранливи материи и полнење;
-Гуава, ова овошје со извонредно низок гликемиски индекс (GI) во кои можат дури и дијабетичари да уживаат;
-Јаболко, ова јаболко со средна големина содржи само 50 калории без масти и натриум;
-Круши, ова овошје содржи многу влакна кои ќе ве држат заситени подолг временски период;
-Портокали, овошја од семејството цитрони се особено корисни за согорување на масти. 100 грама портокали содржат само 47 калории и имаат благ вкус што ќе ги задоволи вашите потреби за благо;
-Грејпфрут, ова е моќен противник на мастите кои го подобруваат слабеењето. Има само 37 калории во една половина од грејпфрут. Исто така, ја подобрува работата на метаболизмот во телото;
-Бобинки, тие имаат најмногу антиоксиданси и особено се корисни за борба против дебелината и холестеролот. Боровинките се особено ефикасни против масните клетки;
-Киви, рецептите за сокови од киви се многу популарни за слабеење благодарение на присуство како на растворливи и нерастворливи влакна во ова овошје. Ве задржи сити на подолг временски период без додавање на дополнителни калории;
-Калинки, ова овошје со светло црвена боја помага во намалување на апетитот и ги исфрла штетните отрови од телото.

Алтернативен зеленчук кој може да се консумира на вториот, третиот, шестиот и седмиот ден од оваа диета

-Компир (Само за вториот ден за појадок) – Скробот присутен во ладна варени компири се претвора во отпорен скроб кој ја подобрува оксидацијата на мастите и ги намалува стомачните масти
-Краставица – Ова е еден од најдобрите нискокалорични зеленчуци кој не содржи скроб за слабеење. ½ шолја исечена краставица содржи само 10 калории
-Марула – еден од најздравите зеленолисни растенија која не содржи многу калории и богата е со витамини и влакна
-Зелка – Богата е со витамин Ц и антиоксиданси, помага за зајакнување на имунитетот.
-Брокула – Фитонутритиент сулфорафан кој се наоѓа во брокула се бори против телесните масти. Овој нискокалоричен зеленчук е одличен извор на растителни влакна и калциум
-Пиперка – Соединението за зајакнување на метаболизмот дихидрокапсија присутно во пиперките го подобрува согорувањето на мастите
-Кромид – Флавоноид кверцетин кој се наоѓа во кромидот ги активира протеините во телото, ги согорува складираните масти и го спречува формирањето на нови масни клетки
-Спанаќ – Овој лиснато зелен зеленчук е преполн со протеини кои ја подобруваат чистата мускулна маса и го подобруваат согорувањето на калории.
-Моркови – Преполни со бета-каротен и влакна, а тие може да се консумираат свежи во салати
-Карфиол – Овој мешункаст зеленчук е преполн со влакна, фолна киселина и витамин Ц

Табела со време за сите седум дена од диетата

ДЕН 1
-Појадок (8:30 наутро) – едно јаболко со средна големина, една чаша вода
-Ужина на средина на утрото (10:30 наутро) – еден сад со дињи, една чаша вода
-Ручек (12:00 пладне) – две големи парчиња лубеница, две чаши вода
-Попладневна ужина (16:00) – еден портокал, една чаша вода
-Вечерна ужина (18:30) – една круша, една чаша вода
-Вечера (20:00) – една гуава, половина грејпфрут, две чаши вода

ДЕН 2
-Појадок (08:30 наутро) – еден варен компир со средна големина прелиен со една лажичка путер
-Ужина на средина на утро (10:30 наутро) – еден сад со зелка и марула, една чаша вода
-Ручек (12:00 пладне) – една краставица, едно парче лук, половина морков, две чаши вода
-Попладневна ужина (16:00) – еден сад варена брокула, половина сад исечена пиперка, две чаши вода
-Вечерна ужина (18:30) – еден сад варен карфиол, една чаша вода
-Вечера (20:00) – мешавина од варен морков, репка, броколи и зелен грав, две чаши вода

ДЕН 3
-Појадок (08:30 наутро) – еден сад со диња или јаболко, две чаши со вода
-Ужина на средина на утро (10:30 наутро) – една круша, еден сад исечен ананас, две чаши со вода
-Ручек (12:00 пладне) – мешавина од краставица, лук, моркови, марула, две чаши со вода
-Попладневна ужина (16:00) – еден портокал или половина грејпфрут и една чаша со вода
-Вечерна ужина (18:30) – една круша или гуава
-Вечера (20:00) – сад со варена брокула, половина варена репка, половина варена свежа папаја, две чаши со вода

ДЕН 4
-Појадок (08:30 наутро) – две банани, една чаша млеко
-Ужина на средина на утро (10:30 наутро) – банана шејк од една банана и една чаша млеко
-Ручек (12:00 пладне) – супа од зеленчук од зелка, моркови и лук
-Попладневна ужина (16:00) – банана шејк од една банана и една чаша млеко
-Вечера (20:00) – две банани и една чаша млеко
-Пијте 8 до 10 чаши вода во текот на денот

ДЕН 5
-Појадок (08:30 наутро) – два домати, сад со варен црвен грав зачинет со сол, пипер и лимон, две чаши со вода
-Ужина на средина на утро (10:30 наутро) – чаша со тофу или кајмак, две чаши со вода
-Ручек (12:00 пладне) – сад со зготвен интегрален ориз, два домати, палак панир (спанаќ и панир), две чаши со вода
-Попладневна ужина (16:30) – салата од зелје со лук, сок од лимон, пипер и малку сол, две чаши со вода
-Вечера (20:00) – кари направено од парчиња од соја / супа од зеленчук, краставица и салата од домати од една краставица и два домати, две чаши со вода.

Доколку јадете не-вегетаријанска храна, тогаш можете да ги консумирате следниве храни :

-две белки од јајца за појадок
-80-100 грама варено пилешко или печена риба за ручек

ДЕН 6
-Појадок (08:30 наутро) – сад со мешавина од варен или пржен зеленчук, две чаши со вода
-Ужина на средина на утро (10:30 наутро) – половина сад со средна големина со варен црвен грав со сечкан домат во коцки со малку сол и други зачини, две чаши со вода
-Ручек (12:00 пладне) – една краставица, едно парче лук, половина морков, две чаши вода
-Попладневна ужина (16:00) – едно јаболко, една чаша со вода
-Вечерна ужина (18:30) – еден мал сад со варен леќа прелиена со малку сол и сок од лимон, една чаша вода
-Вечера (20:00) – еден сад мешан варен зеленчук, една чаша со вода

Доколку јадете не-вегетаријанска храна тогаш можете да ги консумирате следниве храни :

-две белки од јајца за појадок
-80-100 грама варено пилешко или печена риба за ручек

ДЕН 7
-Појадок (08:30 наутро) – сад со лубеница или диња, една чаша со вода
-Ужина на средина на утро (10:30 наутро) – една рака свежи или смрзнати бобинки или еден сад со моркови, една чаша со вода
-Ручек (12:00 пладне) – еден сад со зготвен интегрален ориз, еден сад со малку пржен зеленчук, две чаши со вода
-Попладневна ужина (16:00) – едно јаболко или круша, една чаша со вода
-Вечерна ужина (18:30) – една гуава, една чаша вода
-Вечера (20:00) – супа од мешан зеленчук, две чаши со вода.

Доколку јадете не-вегетаријанска храна тогаш можете да ги консумирате следниве храни :

-две белки од јајца за појадок
-80-100 грама варено пилешко или печена риба за ручек

Рецепти како алтернатива за храна :

Супа од зеленчук е главна храна во диетата за губење на тежината која може да се консумира во сите денови од диетата, освен на првиот ден Постојат неколку други рецепти како што се печена риба и пилешко месо, кои се вклучени во не-вегетаријанска верзија на „ГМ“ диетата. Ви ги презентираме сите важни рецепти од седумдневната диета на едно место за да ви биде погодна за користење.

Рецепт за супа

Супите се несомнено најздравите од сите храни кои немаат многу калории, без масти и збогатени се со хранливи материи од зеленчук и зачини. Пробајте го овој лесен и едноставен рецепт за супа од мешан зеленчук кој можете да го подготвите во сите денови од диетата. Ова е еден од најдобрите рецепти за супа кои исто така, можат да бидат вклучени во други диети за губење на тежината.

Состојки :
-два моркови
-една пиперка
-1/4 зелка
-3-4 печурки
-2-3 цветчиња карфиол
-еден лук
-четири зелени гравчиња
-доволно вода за да потопи целиот зеленчук / пилешко

Подготовка : Измијте, излупете го и исечкајте го сиот зеленчук. Додадете го сиот варен зеленчук и прелијте со доволно вода, така што зеленчукот ќе се потопи, а посипете и малку сол. Ако не сте вегетаријанец, тогаш можете да го користите сокот од пилешко наместо вода. Гответе го додека не биде готово. Исклучете го шпоретот и оставете ја пареата да испари. Отворете го капакот, ставете ја супата во сад, посипете малку црн пипер и сок од лимон во неа и уживајте.

Рецепт со никулци

Леќа и грав се неверојатен вегетаријански извор на протеини и влакна, а никулците се најздравата форма. Здравствените придобивки на никулци од грав се несомнени. Во овој рецепт ви објаснивме како да направите никулци и да подготвите вкусна и здрава салата од никулци.

Земете го гравот или леќата кои сакате да из’ртат и чувајте ги во сад, измијте ги темелно 3 до 4 пати и пренесете ги во сув сад. Истурете малку вода во садот со грав / леќа и оставете ги да впијат во текот на ноќта, исфрлете го вишокот вода следното утро и ставете го гравот / леќата во чиста крпа. Врзете ги аглите од ткаенината заедно во средина и чувајте ги настрана во следните 10 часа. По 10 часа отворете ја крпата и ќе забележите како никулецот излегува. Значи, сега кога го знаеме точниот метод на ‘ртење, да видиме како да се направи салата од никулци.

Состојки :
-сад со никулци по ваш избор
-една кафена лажица убаво сечкан кромид
-една кафена лажица убаво сечкани домати
-една сечкана лута пиперка
-малку нане и сечкани листови од коријандер
-малку сол
-сок од лимон.

Подготовка : ставете ги сите состојки освен солта, нането и листовите од коријандер и сокот од лимон во стаклен сад и убаво измешајте ги, а одозгора додадете ги солта и коријандерот и нането, исцедете го лимонот и повторно измешајте.

Рецепт за панир (палак)

Во вашата супа може да вклучите и палак панир за да уживате во здравата ниско калорична и вкусна храна со интегрален ориз. Но, за да ја вклучите во „ГМ“ диетата, потребно е да го подготвите панирот без масло за јадење.

Состојки :
-една до две чаши спанаќ
-панир или урда – 200 грама во коцки
-еден кромид со средна големина
-две сомелени чешниња лук
-1,5 см ѓумбир
-1/4 лажичка семе од црн ким (Shahjeera)
-една лажичка цимет
-една лажичка црвено чили во прав
-една лажичка ким
-една лажичка коријандер во прав
-сол поради вкус
-1/4 лажичка куркума

Подготовка : Исчистете го спанаќот и динстајте го во врела вода 3 минути, а потоа ставете го во сад полн со ледена вода 5 минути. Исцедете ги лисјата и држете ги настрана. Во сува тава додадете една лажичка маслиново масло и пропржете го кромидот, ѓумбирот и лукот. Истурете ја смесата со кромид и спанаќ и сомелете додека не се формира паста. Сега, во нелепливо тавче ставете ги коцките од панир додека не добијат светло кафеава боја. Повторно нанесете малку масло во тавчето , додадете ја смесата од кромид и спанаќ , сув цимет во прав, црн ким, сол и оставете ги да вријат неколку минути, а потоа додадете пропржен панир во коцки , да врие неколку минути и да уживајте со интегрален ориз.

Рецепт со варено пилешко

Има ли подобар начин да ги зголемите квалитетните протеини на петтиот, шестиот и седмиот ден од диетата од вкусно и варено пилешко месо? Ова е еден од наједноставните рецепти со варено пилешко за сите оние кои не се вегетаријанци кои копнееја по вкусот на месо во првите четири дена од „ГМ“ диетата.

Состојки :
-околу 1,5 килограми пилешко месо
-еден голем сечкан кромид
-една лажица мелен пипер
-две сечкани чешниња лук
-два ловорови листови
-една лажичка сушени снегулки од магдонос
-две лажички сол.

Подготовка : Темелно измијте го пилешкото и ставете го во голем сад со капак. Додадете доволно вода за да го покрие пилешкото месо, додадете ги сите други состојки во водата и почнете со варење. Капакот ставете го настрана за да може пареата да испарува од садот. Намалете ја топлината и продолжете со варење еден до еден и пол час. Додадете повеќе вода доколку е потребно. Извадете го пилешкото од садот штом месото ќе почне да се раздвојува од коските. Уживајте во пилешкото месо на петтиот, шестиот и седмиот ден од диетата, а течноста која ќе остане ставете ја во ладилник која подоцна може да се употреби за правење супа од зеленчук.

Рецепт со печена риба

Рибата е уште еден неверојатен извор на високо квалитетни протеини, здрави масти и омега 3 масни киселини, што е добро за некој кој не сака да јаде пилешко во последните три дена од диетата. Ова е еден од најлесните рецепти за печена риба со многу малку состојки и може да се подготви во краток временски период.

Состојки :
-3 до 4 филети од риба
-една лажица маслиново масло
-една лажичка пире од лук
-1/4 лажица црн пипер во прав
-една лажица сечкан коријандер

Подготовка : Загрејте ја рерната на 165 степени. Во мал сад додадете го пирето од лук, црн пипер во прав, сок од лимон и сечкан коријандер. Потопете ги сите филети во оваа смеса и ставете на плех со маслиново масло. Печете 20 минути во печката или додека не почне да се двои од коската.

Забелешка : По завршување на „ГМ“ диетата, ви предлагаме да ја следите диетата со 1200 калории за да ја контролирате вашата тежина и навиките за јадење. Постојат големи шанси вашата тежина да ја зголемите доколку продолжите со брза и обработена храна.

Општи услови : „The Fit Indian“ е блог за здравје и фитнес , кој обезбедува информации и поддршка за здрави и разумни програми на исхрана, а информациите се исклучиво наменети за поддршка на образованието. Сите информации дадени во оваа статија е за едукативни цели, а секоја одлука за учество на читателот во користење на овие информации е нивен личен избор. Ние не сме здравствена организација која е овластена да дава медицински совети или дијагнози. Ве молиме побарајте совет од квалификуван лекар пред да се одлучите за било каква програма за губење на тежината од било кој вид, а исто така, и ако чувствувате непријатности додека ја држите диетата. Краткорочни и брзи диети даваат само привремени резултати за брзо губење на тежината која за кратко време ќе ја повратите назад диетата ќе заврши. Ние препорачуваме здрава комбинација на секојдневни вежби и урамнотежена исхрана како што е диетата со 2000 калории за здраво губење на тежината и нејзино одржување.