Најдобрите билки со кои ќе му помогнете на телото да се ослободи од секојдневните стресни ситуации

Најдобрите билки за ублажување на нервозата и стресот, и опуштање на телото. Ви ги откриваме трите најупотребувани на нашите простори. 

Лаванда

Лавандата е едно од најпрочуените растенија кои се употребуваат за смирување и опуштање на телото, односно за целиот нервен систем. Бројни истражувања за ова растение ги потврдуваат податоците. Денес сме сведоци на разни масла, природни лекови, козметика и многу слични работи базирани на цветот на лаванда. Чајот од лаванда сепак делува најдобро, а се приготвува така што 3-4 лажици сушен цвет од лаванда се прелева со врела вода, и се остава да стои 15 мин. Веднаш потоа може да се конзумира.

Кантарион

Кантарионот има значително влијание врз целиот нервен систем. Лекарите го препорачуваат бидејќи за разлика од другите лекови, кантарионот неможе да предизвика зависност, па можеме да кажеме слободно дека нема никакви нус појави. Содржи некои специфични супстанци како тинин, хиперицин и др. Од кантарионот може да се прави чај, разни екстракти или масла. Чајот се приготвува на сличен начин како и другите чаеви, 1-2 лажички сув цвет од кантарион се прелеваат со врела вода, се остава 10-15 минути и се конзумира. Конзумирањето е најдобро навечер пред спиење.

Мајчина душица

Оваа билка влегува во составот на многу лекови за смирување на нервниот систем, односно лекови за ублажување на депресијата. Од него луѓето прават чај, но и разни купки. Чајот се приготвува така што 2-3 лажици сушен цвет од мајчина душица се прелева со врела вода, и се остава да стои 15 мин. Чајот се конзумира свежо приготвен.