Намирници со кои ќе го затегнете стомакот

Сонот на секој човек кој тренира е да има убаво издефенирани стомачни мускули без грам сало. Но за да се постигне тоа покрај многу вежбање треба да се корегира и исхраната. Исхраната треба да биде правилна за да во комбинација со квалитетни вежби да се дојде до посакуваните резултати.

Оброците треба да бидат редовни, што значи дека не постои прескокнување на оброци и потоа надополнување со наредниот. Ова значи дека треба да има повеќе оброци. Се препорачуваат 5-6 во тек на денот.

Тоа се помали и поголеми оброци. Во помалиот спаѓа ужината која се состои од овошје или зеленчук, а во голем оброк спаѓаат главните оброци, а тоа се доручек, ручек или вечера. Со таа комбинација од помали и поголеми оброци ќе се постигне добар резултат, бидејќи тоа ќе го забрза вашиот метаболизам и со тоа ќе се согоруваат калории.

Ова исто така ќе го растерети вашето тело и ќе го олесни варењето на храната. Значи два часа пред ручек и два часа пред вечера изедедете мал оброк, а можете и два часа по вечерата, ако тоа е лесна храна која нема да го оптерети стомакот пред спиење. Ако консумирате обилен доручек, ручек и вечера, ќе внесете голем број на непотребни јаглехидрати и масти кои ќе се таложат и ќе создадат сало. Стомакот би изгледал надуен.

За појадок може да се јаде на пример мусли со млеко. Тоа е многу лесна храна која содржи јаглехидрати и не се претвора веднаш во шеќер, па затоа е препорачлива.

За ужина може да јадете парче овошје или сендвич со зеленчук, бидејќи тоа не е тешко да се свари.

Месо и риба се одличен избор за ручек. Но, месото треба да се вари или пржи во маслиново масло, а не со обично.

За вечера може да се јаде салата со зеленчук бидејќи таа е лесна храна.

За да се избегне дехидрација на телото, треба да пиете што повеќе течности, особено додека тренирате, бидејќи тогаш многу се трошат. Исто така се препорачува и зелениот чај за кој е докажано дека влијае врз согорување на маснотиите.

Можете да земете банана за ужина или за појадок, бидејќи таа е многу хранлива.

Овошје во лушпа, како што се ореви, бадеми и лешници се исто така многу добри за стомачните мускули. Не треба да заборавиме на јогуртот и млекото кои треба да бидат вклучени во вашето дневно мени, бидејќи тие се многу богати со протеини, кои се од суштинско значење кога тренирате.

Тренинзите можат да бидат многу напорни и ви треба многу енергија, при што во голема мерка може да придонесе за потреба на внесување протеини. Исто така, имајте на ум дека кога ќе избирете млеко и јогурт обрнете внимание да се изберат тие со низок процент на масти. Исто така се препорачува и немасно сирење.

Изборот секако зависи од вас и ако се практикува да се земе сè како што е наведено, со добар тренинг ќе бидете во можност да се пофалите со убави стомачни мускули.