Откриено зошто Амишите ретко заболуваат од рак

Научниците од Универзитетот Охајо го истражувале начинот на живот на Амишите како би сфатиле како на нивното здравје влијае отсуството на конвенционална медицина.

Утврдено е дека Амишите многу ретко заболуваат од рак, па поради тоа одлучиле да ги истражат нивните животни навики.

Амишите освен што јадат здраво и природно, исто така и не пушат, не пијат и воглавно не се промискуитетни.

Извршуваат најмногу физички работи бидејќи воглавно се занимаваат со земјоделие и градежништво. Се верува дека токму поради таквиот начин на живот Амишите не заболуваат од карцином.

Уште една важна работа е што Амишите сами произведуваат своја храна користејќи органски методи, па така добиваат здраво овошје и зеленчук, но и месни и млечни производи.