Пеењето позитивно влијае врз здравјето

Истражувањето кое е спроведено од германски научници покажало дека личностите кои имаат желба да пеат во друштво, под туш или во својот автомобил, прават многу за подобрување на својата општа здравствена состојба. Истражувањето во кое учествувал 31 годишен аматерски пејач, спроведено на универзитетот во Франкфурт, покажало дека пеењето стимулира производство на антитела кои, пред се, ги штитат дишните патишта од инфекции. Пеењето е, исто така, слично на медитирање и пешачење, т.е. предизвикува дејство на опуштање – кажува Гинтер Креуц, генералниот истражувач.

Со редовно пеење или потпевнување може да се подобри начинот на дишење, да се зголеми дотокот на кислорот во белите дробови, да се стимулира и подобри циркулацијата на крвта и да го доведе телото во избалансирана состојба полна со внатрешна позитивна енергија, што води до стабилна психолошка состојба – кажува професорот Волфрам Зејднер од Универзитетот во Берлин.

„Голема предност во животот е кога знаете музички да се изразите. Оние кои тоа го знаат, духовно се побогати и поуспешни“ – Зејднер