Почнувајќи од понеделник…Зошто постојано ги одложуваме обврските и важните одлуки

Не можам денес,  ќе го направам тоа утре … Кога „одложувањето“ станува манир, а „избегнувањето“ стил, тогаш е време да се запрашаме зошто го правиме тоа?

Обврските и одлуките се составен дел од животот на повеќето луѓе, тие се дел од секојдневната рутина. Некои од нив се спроведуваат лесно,неприметно, додека некои други тешко со многу мака,  размислување, и обично ги избегнуваме.

Секој од нас има во неколку наврати има одложено некоја задача или одлука, а  можеби воопшто и не бил свесен некои луѓе, сепак, туркањето под тепих може да им стане начин на живот. Психолозите велат дека причините за континуирано доцнење се бројни, но најчестата е непријатноста.

– Со одложувањето понекогаш ги избегнуваме нештата што ни се непријатни и се надеваме дека ќе успееме да “го решиме проблемот” – вели психологот Јелена Пантиќ.

Стравот од неуспех, исто така, може да биде причина за одложување на обврските и задачите, а третата причина е перфекционизам.

– Некој кој од себе секогаш  очекува совршенство и исклучиво високи резултати си прави себе си премногу притисок и избегнувајќи ги обврските, всушност, го избегнува притисокот што овие обврски го носат – објаснува таа.

За да си го олесниме почетокот на примената во дело на некои важни одлуки, често се врзуваме за понеделник, првиот ден од месецот, Нова Година … Така се одлучуваме од “утре” да го откажеме пушењето, одењето на фитнес, почнувањето со диета.

– Тоа изгледа како добра мотивација за да се започне, но во пракса почесто се покажува дека датумот кој сме го одредиле за почеток или промена на нешто не е доволно мотивирачка сила – рече Пантиќ.

Конечно, кога сме притегнати кон ѕидот и прогонувани од сопствената совест, сепак се придвижуваме. Но, нашите напори често се краткотрајни.

– Причината зошто драстичните промени обично се краткотрајни и често се неуспешни е тоа што се драстични. Потребно е секоја голема цел да ја поделиме на многу мали чекори и да се пофалиме и наградиме по секој најмал напредок, вели Пантиќ.

Модерната наука дојде со емпириските наоди до истото она откритие кое мудриот Конфучие го знаел пред 2.500 години : „Секој ден донеси количка со земја на едно место и ќе се направиш планина“. Во тоа е целата вистина за одложувањето и упорноста.