Подгответе го телото за пролетта: Моќна напивка од лимон и магдонос

Имате проблем со вишок килограми? Понекогаш, губењето на килограмите се чини невозможно, иако се трудите, па посакувате едноставно да се откажете.

Губењето тежина е тежок процес и бара посветеност, како што пишува Run Healthy Lifestyle, но постои моќна напивка која ќе ви помогне во тоа.

Пијалокот му помага на телото во отстранување на непотребната вода, истовремено елиминирајќи ја надуеноста.

Состојки:

1 лимон
60 грама магдонос
2 чаши вода

Подготовка:

Исцедете го лимонот и исецкајте го магдоносот на мали парчиња. Потоа ставете ги заедно во сад и прелијте ја водата преку нив.

Важно правило за оваа напивка да биде ефикасна е: Секогаш да се пие на празен стомак! Конзумирајте го шест дена и потоа направете 10 дена пауза.