Предлог рецепти за замена на штетната брза храна

Со оглед на тоа што деновите се пократки и постудени, ние се стремиме кон обилни и топли јадења за подобро справување со мрачноста на сезоната. Многу е полесно да се јаде салати и свежи пијалаци во текот на летото, кога сте поактивни, додека зимата нѐ прави помрзеливи и сакаме да јадеме нешто што се прави многу лесно, за краток период, колачиња, чипсови, сендвиќи, компири и слично. За жал, овие јадења се често полни со нездрави состојки – кои, заедно со неактивниот начин на живот во зима доведува до несакано зголемување на телесната тежина.

3 причини зошто треба да се минимизираат јадењата кои содржат јаглени хидрати
Тестенини

Рафинираната пченица во тестенините го зголемува шеќерот во крвта побрзо од другите извори на јаглени хидрати. Зголемувањето на нивото на гликоза и инсулин по јадење пченица доведува до складирање на маснотии, особено во абдоминалната област. Покрај тоа, глутенот во пченицата предизвикува воспаление кое може да доведе до зголемување на телесната тежина, дијабетес и други хронични заболувања.

Бел ориз
Белиот ориз не е мудар избор за време на зимската сезона. Истражувањата покажаа дека луѓето кои консумираат ваков вид ориз имаат двојно поголеми шанси за развој на дијабетес.

Конзервирана супа или крем супа
За овој производ многу луѓе не се свесни за штетните ефекти. Меѓутоа, заедно со другите ефтини, преработени состојки, конзервираните супи содржат:
Хемиски преработено растително масло;
Модифициран скроб;
Мононатриев глумат, адитивен препарат кој може да се меша со природниот производ на невротрансмитерот;
Концентрат од соја протеин;
Наместо тоа: Направете домашна супа од печурки и зеленчук.

Доколку ги отстраните овие состојки, повелете неколку рецепти за вкусна и здрава храна, која ќе ве стопли во зимските денови без да накачите телесна тежина.
– Мисирка со бибер и домати – свеж зеленчук, домашен зачин и чист протеин!
– Тестенини со свеж лук, оригано и домати – поздрава варијанта за тестенини;
– Пилешко во сос од чили, домати и авокадо –  послужете го со салса за совршен шпански инспириран оброк;
– Пилешко во кари сос – за секој кој е обожавател на кари. Овој тајландски пресврт на класичната кујна е брз и лесен за оние кои немаат време за во кујната;

Вечерата треба да биде полесен оброк па затоа ви нудиме и некои од прилозите кои може да ги искористите како идеја:
– Пире од компири или карфиол;
– Диетален ориз;
– Боранија;
– Сладок компир;
– Свежа салата;