Природни и најздрави протеини … Спирулина, бадеми, говедско месо …

За да биде силно и правилно да финкционира нашето тело потребно е имаме здрави мускули. Постојат намирници кои се посебно богати со протеини, состојка која е неопходна за здрави и цврсти мускули.

Спирулината има највисока застапеност на протеини од било која друга храна. Природен извор на протеини, без маснотии и холестерол, кој го спречува чувството на глад бидејќи ја надополнува потребата на организмот за хранливи материи.

Спирулината содржи само висококвалитетни растителни протеини (околу 63%) 3-4 пати повеќе од говедското месо и 5 пати повеќе од јајцата. Овие протеини се биолошки комплетни бидејќи ги содржат сите есенцијални и неесенцијални амино-киселини.

Бадемите се одличен извор на протеини, здрави масти и магнезиум, што е одлична комбинација за здрави мускули.

Но и говедското месо е полно со протеини. Така во 100 гр месо има 30 гр протеини. Пилешкото месо исто така е богат извор на оваа состојка која е од големо значење за оформувањето и цврстината на мускулите.