Природни протеини за цврсти мускули

За да биде силно и правилно да финкционира нашето тело потребно е имаме здрави мускули. Постојат намирници кои се посебно богати со протеини, состојка која е неопходна за здрави и цврсти мускули.

Бадемите се одличен извор на протеини, здрави масти и магнезиум, што е одлична комбинација за здрави мускули.

Но и говедското месо е полно со протеини. Така во 100 гр месо има 30 гр протеини. Пилешкото месо исто така е богат извор на оваа состојка која е од големо значење за оформувањето и цврстината на мускулите.