Природно состојки за чистење на кожата и отстранување на шминка

Млекото ги чисти најдлабоките слоеви на кожата и е одлично за отстранување на шминка од очи поради тоа што смирува. Слично дејствуваат и краставиците, а маслиновото масло ја отстранува и водоотпорната маскара.

Секојдневното чистење на лицето со млеко за отстранување на шминката може да го оштети и да ја иритира кожата. Одлична замена е храната од кујна која не содржи хемикалии, а може да се подготви на едноставен начин.

Млеко и јогурт

Млекото ги чисти најдлабоките слоеви на кожата, а воедно е и одличен избор за чувствителни очи. Ги смирува и прочистува маснотиите ,а протеините кои ги содржи кожата лесно се апсорбираат од кожата што го подобрува нејзиното обновување. Доволно е една лажица млеко да се измеша со неколку капки бадемово масло и средството за отстранување на шминка е готово.
Слично дејство има и јогуртот кој ја влажни кожата и и ја враќа еластичноста, па би можеле да го измешате со неколку капки бадемово, кокосово или маслиново масло и со него да ги исчистите остатоците од шминка.

Масла

Маслиновото масло успешно ја отстранува шминката, дури и водоотпорната маскара. Можете да го натопите памукот со масло и исчистете го лицето или маслиново масло измешајте со рицинус во сооднос од 1:1. Оваа комбинација е погодна за сите типови на кожа, додека чистото рицинусово масло се препорачува за мрсна кожа.
Како замена за маслиновото масло може да се користи бадемово масло и масло од семето на грозје , кои се богати со витамин Е и благотворно делува на кожата.

Краставици

Краставиците се богати со минералот силициум, кој го зајакнува сврзното ткиво во кожата. Покрај тоа, тие го стимулираат природното производството на колаген и го забавуваат процесот на стареење, а во комбинација со млеко успешно ја отстрануваат шминката.
Во блендер изблендирајте краставица, постепено додадете половина чаша млеко и продолжете да мешате. После оваа смеса ставете ја во друг сад и гответе околу 10 минути. Оставете да се излади.
Тоникот за чистење може да се направи на поедноставен начин, така што ќе изрендате краставица, исцедете го сокот и додадете неколку капки на бебе масло.