Проблеми со потенција? Намалена мускулна маса? Еве го решението…

Оваа билка е ширум позната низ светот, а во последниве години почна да се употребува и кај нас. Луѓето ја ценат и ја користат поради неверојатната моќ за стимулација на хормони. Поради оваа значајна придобивка и ефектите кои ги нуди, трибулус стана и редовен додаток кај спортистите за градење мускули. Активниоте состојки кои се наоѓаат во трибулус обезбедуваат позитивни придобивки за машкото здравје.

Придобивките од трибулус за здравјето на мажите – потенција & либидо, квалитетна сперма
Ниското ниво на тестостерон резултира со:
Раздразливост;
Недостаток на енергија;
Внатрешни немири;
Губење на способноста за концентрација;
Недостаток на меморија;
Намалена интелектуална агилност;
Пасивни и депресивни чувства;
Мускулна атрофија;
Високи нивоа на холестерол, триглицериди и гликоза;
Висок крвен притисок;
Зголемување на абдоминалните масти;
Несоница;

Нормалните нивоа на тестостерон придонесуваат за поздрава простата, поголемо либидо, плодност и подобра сексуална функција – и задоволство. Трибулус помага и за зголемување на енергијата, придонесува за подобар и поквалитетен сон, го подобрува расположението и промовира поголема способност за справување со стресот. Сите овие состојби се поврзани со нормални нивоа на тестостерон, а трибулус го овозможува тоа. Оваа била неверојатно го подобрува квалитетот на спермата и движењето на сперматозоидите, што играат значајна улога за оплодување на јајце клетките.

Оформување и зголемување на мускулна маса
Оваа билка стана многу популарна кај спортистите бидејќи го зголемува нивото на издржливост и силата при каква било физичка активност. Екстрактот содржи алкалоиди, сапонини, смоли и нитрати и популарно се користи како спортски хранлив додаток ширул светот. Трибулус го зголемува нивото на тестостерон, со што помага да се зголеми мускулната маса. Студиите покажуваат зголемување на нивоата на тестостерон при консумација на трибулус.

Зголемувањето на нивото на тестостерон го намалува времето за обновување на мускулите и ја подобрува синтезата на протеините или процесот во кој живите клетки произведуваат протеини од нивните составни амино киселини, врз основа на генетските информации што се пренесуваат во ДНК на хромозомите. Исто така промовира позитивен азотен баланс. Комбинацијата на овие дејства помага да се зајакне и да се зголеми мускулната маса, а со тоа се намалуваат и се топат вишокот килограми.